10 Ни дење ни ноќе нема да се гаси, довека ќе се крева чад од неговото пепелиште.+ Од поколение во поколение ќе остане запален,+ никогаш повеќе никој нема да поминува низ него.+
20 Затоа, чујте што наумил да направи Јехова против Едом+ и што замислил да направи против жителите на Теман:+ најмалите од стадото ќе бидат одвлечкани. Поради нивните дела тој ќе го опустоши нивното живеалиште.+
13 вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ќе ја подигнам раката против Едом+ и ќе ги истребам од него луѓето и стоката,+ и ќе го претворам во пустош од Теман+ до Дедан.+ Ќе паднат од меч.
3 Речи му: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, доаѓам против тебе, Сеире, крају планински!+ Ќе ја подигнам својата рака против тебе+ и ќе те опустошам, ќе те претворам во пустина.+
19 Египет ќе се претвори во пустош,+ а Едом во пустина, во гола пустелија,+ поради насилството над синовите на Јуда, во чија земја пролеаја невина крв.+