4 Чуј ме, народе мој! Приклонете го увото кон мене, вие што сте мое племе!+ Зашто, од мене ќе дојде закон+ и јас ќе ја поставам мојата правда за светлина на народите.+
14 Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверници.+ Зашто, што им е заедничко на праведноста и на беззаконието?+ Или какво заедништво има светлината со темнината?+