31 Царицата+ на југот ќе стане од мртвите во Судниот ден заедно со луѓето од ова поколение и ќе ги осуди, зашто таа дојде од крајот на земјата за да ја чуе мудроста на Соломон, а еве, овде е некој што е поголем+ од Соломон.
32 Жителите на Ниневија ќе станат од мртвите во Судниот ден заедно со ова поколение и ќе го осудат, зашто се покајаа поради она што го проповедаше Јона,+ а еве, овде е некој што е поголем+ од Јона.