21 Оттогаш Исус Христос почна да им објаснува на своите ученици дека мора да оди во Ерусалим и многу да пострада од старешините, од главните свештеници и од книжниците, и да биде убиен и на третиот ден да воскресне.+
31 И почна да ги поучува дека Синот човечки мора да претрпи многу страдања и да биде отфрлен од старешините, од главните свештеници и од познавачите на Законот,* па да биде убиен и по три дена да воскресне.
22 И рече: „Синот човечки мора многу да пострада и да биде отфрлен од старешините, од главните свештеници и од книжниците, и да биде убиен+ и на третиот ден да воскресне“.+
3 објаснувајќи и докажувајќи со она што е напишано дека Христос* требаше да страда+ и да стане од мртвите.+ И велеше: „Овој Исус, кого јас ви го објавувам — тој е Христос“.+