11 Поради страдањето на својата душа, тој ќе ги види плодовите на својот труд+ и ќе биде задоволен со нив.+ Со своето знаење праведникот, мојот слуга,+ ќе им даде праведност на мнозина,+ и нивните престапи ќе ги земе врз себе.+
14 колку повеќе крвта+ на Христос, кој преку вечниот дух самиот себеси неизвалкан му се принесе на Бог,+ ќе ја исчисти+ нашата совест од мртви дела+ за да му служиме* на живиот Бог?+
24 Тој во своето тело ги понесе нашите гревови+ на столбот,*+ за да ги оставиме гревовите+ и да живееме за праведноста. „Преку неговите рани сте излекувани.“+