6 Зашто, ни се роди дете,+ добивме син,+ кој на рамото ќе има кнежевска власт.+ Името ќе му биде Прекрасен Советник,+ Моќен Бог,+ Вечен Татко,+ Кнез на Мирот.+
5 „Еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога на Давид ќе му подигнам праведна фиданка.+ Царот ќе почне да царува+ и ќе постапува разборито, ќе го прави она што е исправно и праведно во земјата.+
2 А ти, Витлееме Ефрато,+ кој си најмал од Јудините градови,+ од тебе+ ќе ми излезе оној што ќе биде владетел во Израел,+ кој потекнува од дамнини, од прадамнешните денови.+
3„Еве, јас го праќам мојот гласник,+ и тој ќе го расчисти патот пред мене.+ И одненадеж во својот храм+ ќе дојде Господарот,+ кого вие го барате, и гласникот+ на сојузот,+ кому му се радувате.+ Еве, сигурно ќе дојде“, вели Јехова над војските.+
44 Потоа им рече: „Тоа е она за кое ви зборував додека уште бев со вас,+ дека мора да се исполни сѐ што е напишано за мене во Мојсеевиот закон, во Пророците+ и во Псалмите“.+