4 И ми рече: ‚Ќе те направам плоден+ и ќе те намножам и од тебе ќе направам голем народ,+ а на твоето потомство по тебе ќе му ја дадам оваа земја да ја поседува за навек‘.+
49 „Качи се на оваа аваримска планина,+ на планината Нево,+ која е во моавската земја, спроти Ерихон, и погледни ја ханаанската земја, која им ја давам на Израеловите синови во сопственост.+
24 И нивните синови+ влегоа и ја зазедоа земјата,+ а ти ги покори+ пред нив жителите на таа земја, Ханаанците,+ и им ги даде в раце нив, како и нивните цареви+ и народите од таа земја,*+ за да прават со нив што сакаат.+