7 Тогаш Јехова му се појави на Аврам и му рече: „На твоето потомство+ ќе му ја дадам оваа земја“.+ Таму Аврам му изгради жртвеник на Јехова, кој му се беше појавил.
17 навистина ќе те благословам и навистина ќе го намножам твоето потомство како ѕвездите на небото и како зрнцата песок на морскиот брег.+ Твоето потомство ќе ги заземе портите* на своите непријатели.+
13 Зашто, ветувањето+ дека ќе биде наследник на светот не му беше дадено на Авраам или на неговото потомство врз основа на закон, туку врз основа на праведноста што ја стекна поради својата вера.+
16 А ветувањата им беа дадени на Авраам+ и на неговиот потомок.+ Не е речено: „И на потомците“, како да се однесува на многу, туку како на еден:+ „И на твојот потомок“,+ кој е Христос.+