9 Препаши ги со појасите, Арон и неговите синови, и околу главата завиткај им покривало како капа. Свештеничката служба нека им припаѓа со трајна одредба.+ Така ќе ги овластиш Арон и неговите синови да служат како свештеници.*+
11 И Арон нека го принесе јунецот што е одреден за него како жртва за грев, и нека го изврши обредот на очистување за себе и за својот дом. Па нека го заколе јунецот што е одреден за него како жртва за грев.+
27 Тој не треба секојдневно,+ како оние првосвештеници, да принесува жртви — најпрво за своите гревови,+ а потоа за гревовите на народот+ — зашто тоа го стори еднаш+ засекогаш кога се принесе самиот себе.+
28 Имено, Законот поставува за првосвештеници+ луѓе кои имаат слабости,+ а речта на заклетвата,+ која е дадена по Законот, поставува Син, кој е засекогаш направен совршен.*+
7 А во втората просторија влегува само првосвештеникот еднаш годишно,+ и тоа не без крв,+ која ја принесува за себе+ и за гревовите на народот направени од незнаење.+