16 А на третиот ден кога самна утрото, загрмеа громови и засветкаа молњи.+ Густ облак+ се надви над планината и се зачу многу силен звук од рог,+ така што затрепери целиот народ што беше во логорот.+
4 А кога проговорија седумте громови, сакав да го запишам тоа, но чув глас од небото+ како вели: „Задржи го во тајност* она што го рекоа+ седумте громови, и немој да го запишуваш!“
18 И настанаа молњи и гласови и громови, и се случи голем земјотрес+ каков што не се случил откако има луѓе на земјата+ — толку силен беше тој земјотрес,+ толку јак.