Марко
16 Кога помина сабатот, Марија Магдалена, Марија, мајката на Јаков, и Салома купија мириси за да одат и да го намачкаат телото на Исус. 2 На првиот ден од седмицата, рано наутро, кога изгреа сонцето, дојдоа до гробот. 3 И си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го отркала каменот од влезот на гробот?“ 4 Но кога погледнаа, видоа дека каменот е отркалан, иако беше многу голем. 5 Кога влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бела долга облека, како седи од десната страна. И многу се зачудија. 6 А тој им рече: „Не чудете се! Вие го барате Исус Назареќанецот, кој беше прикован на столб. Воскресна, не е овде. Еве го местото каде што го положија. 7 А сега одете, кажете им на неговите ученици и на Петар: ’Тој оди пред вас во Галилеја. Таму ќе го видите, како што ви рече‘“. 8 И тие излегоа и побегнаа од гробот, растреперени и преплавени од силни чувства. И никому ништо не му кажаа бидејќи беа исплашени.*