Псалми
На управителот. Давидова песна.
140 Избави ме, Јехова, од зли луѓе,+
зачувај ме од насилен човек,+
2 од оние што смислуваат пакости во своето срце,+
кои по цел ден започнуваат војни!+
4 Чувај ме, Јехова, од рацете на злиот,+
зачувај ме од насилен човек,+
од оние што смислуваат како да ме сопнат!+
5 Оние што самите себеси се возвишуваат, тајно ми наместија стапица,+
покрај патот раширија јажиња како мрежа.+
Клопки ми поставија.+ (Села)
7 Јехова, Севишен Господару,+ сило на моето спасение,+
ја засолнуваш мојата глава во денот на војната.+
8 Немој, Јехова, да му ги исполниш желбите на злиот!+
Немој да ги поддржиш неговите сплетки, за да не се вообрази.+ (Села)