Псалми 114 Кога Израел излезе од Египет,+домот Јаковов — од народ што зборува неразбирливо,+ 2 Јуда стана негово светилиште,+Израел — негово славно царство.+ 3 Од глетката што ја виде морето избега,+а Јордан се сврте назад.+ 4 Планините потскокнуваа како овни,+ридовите — како јагниња. 5 О море, што ти стана, та побегна,+и тебе, Јордане, та се сврте назад?+ 6 Планини, зошто потскокнувавте како овни,+а вие, ридови, како јагниња?+ 7 Земјо, биди во тешка болка поради Господарот,+поради Богот Јаковов, 8 кој ја претвора карпата во езеро,+и кремен-карпата — во воден извор!+