Песна за искачување.
125 Тие што имаат доверба во Јехова+
се како гората Сион,+ која не може да се потресе, туку стои довека.+
2 Како што Ерусалим го опкружуваат планини,+
така Јехова го опкружува својот народ+
отсега и довека.+
3 Зашто, жезолот на злобата нема да остане+ над наследството на праведниците,
за праведниците да не посегнат со раката, па да направат престап.+
4 Јехова, направи им добро на добрите+
и на оние што имаат непорочно срце!+
5 А оние што застрануваат на своите расипани патишта+
Јехова ќе ги избрка заедно со злосторниците.+
Мир ќе има над Израел.+