Езекиел
29 Во десеттата година, во десеттиот месец, на дванаесеттиот ден од тој месец, ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, сврти го лицето кон фараонот, египетскиот цар,+ и пророкувај против него и против целиот Египет!+ 3 Зборувај и речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, доаѓам против тебе, фараону, царе египетски,+ морско чудовиште,+ кое лежи среде своите нилски канали+ и вели: ‚Мојот Нил ми припаѓа мене, јас го направив за себе‘.+ 4 Ќе ти ставам куки во челуста+ и ќе ти залепам за лушпите риби од твоите канали. Ќе те извлечам од твоите канали заедно со сите риби во каналите што ќе ти се залепат за лушпите. 5 Ќе ве оставам во пустината и тебе и сите риби од твоите канали.+ Ќе паднеш на земја во полето.+ Никој нема да те прибере, ниту да те собере. Ќе те дадам за храна на земните ѕверови и на небесните птици.+ 6 И тогаш сите жители на Египет ќе знаат дека јас сум Јехова,+ зашто тие беа трска на која се потпре домот Израелов.+ 7 Кога те фатија со рака, ти се скрши+ и им го расече целото рамо. А кога се потпреа на тебе, ти се прекрши+ и поради тебе на сите им се тресеа бедрата“.+
8 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, ќе доведам против тебе меч+ и ќе ги истребам од тебе луѓето и стоката.+ 9 И египетската земја ќе стане пустош и урнатина.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, зашто рече: ‚Нил ми припаѓа мене, јас го создадов‘.+ 10 Затоа, еве, доаѓам против тебе и против твоите нилски канали+ и ќе ја претворам египетската земја во урнатини, во сува земја и во пустош,+ од Мигдол+ до Сиена+ и до етиопската граница. 11 По неа нема да поминува човечка нога,+ ниту животинска нога,+ четириесет години ќе биде ненаселена.+ 12 Ќе ја претворам египетската земја во пустош среде опустошените земји.+ Нејзините градови ќе бидат пустош четириесет години среде опустошените градови.+ Ќе ги распрснам Египќаните меѓу народите и ќе ги расеам низ земјите“.+
13 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Кога ќе поминат четириесет години,+ ќе ги соберам Египќаните од народите меѓу кои беа распрснати+ 14 и ќе ги вратам заробените Египќани, ќе ги вратам во земјата Патрос,+ во земјата од која потекнуваат, и таму ќе основаат слабо царство. 15 Ќе биде послабо од другите царства и никогаш повеќе нема да се издигне над другите народи,+ а јас ќе направам да бидат толку малобројни што не ќе можат да подјармуваат други народи.+ 16 И повеќе нема да му биде надеж на домот на Израел,+ па тој повеќе нема да ме потсетува на својот грев со тоа што ќе им се обраќа за помош.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Севишниот Господар Јехова“ ‘ “.
17 Во дваесет и седмата година, во првиот месец, на првиот ден од тој месец, ми дојде Јеховината реч: 18 „Сине човечки, царот на Вавилон, Навуходоносор,+ ја испрати својата војска на тешка задача да го освои Тир.+ Секоја глава оќелаве и секое рамо се одра.+ Но ниту за него ниту за неговата војска немаше плата+ за тоа што тргнаа на тешка задача да го освојат Тир.
19 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, му ја давам египетската земја на Навуходоносор, царот на Вавилон,+ и тој ќе го однесе нејзиното богатство и ќе земе голем плен+ и ќе се награба во неа. Тоа ќе биде плата за неговата војска‘.
20 ‚Како надоместок за тоа што тргна против Тир му ја давам египетската земја, зашто работеше за мене‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.
21 Во тој ден ќе направам да му порасне рог на домот на Израел,+ а тебе ќе ти дадам можност да ја отвориш својата уста среде нив.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова“.