Плач Еремиин
5 Сети се, о Јехова, што ни се случи!+ Погледни и види го срамот наш!+
2 Нашето наследство е предадено на странци, куќите наши на туѓинци.+
3 Станавме сираци без татко.+ Мајките наши се како вдовици.+
4 Својата вода ја пиеме за пари,+ мораме да плаќаме за своите дрва.
5 Гонителите ни се зад вратот.+ Премалени сме. Не ни даваат да здивнеме.+
6 Ја испруживме раката+ кон Египет+ и кон Асирија,+ за да се наситиме со леб.
7 Татковците наши згрешија.+ Нив повеќе ги нема, а ние мораме да трпиме поради нивните престапи.+
8 Слуги владеат со нас.+ Нема кој да нѐ избави од нивната рака.+
9 Лебот свој си го носиме изложувајќи ја душата своја на меч+ во пустината.
10 Кожата ни се вжари како печка од лутиот глад.+
11 Ги обесчестија жените на Сион,+ девиците во градовите на Јуда.
12 Кнезовите ги обесија за рака.+ Ни лицата на старците не ги почитуваа.+
13 Момчињата ги носеа мелниците,+ децата се спрепнуваа под товарот на дрвата.+
14 Ги нема повеќе старците на портите,+ момчињата не ги свират повеќе своите песни.+
15 Ја снема радоста во нашето срце. Нашето играње се претвори во тагување.+
16 Падна круната од нашата глава.+ Тешко нам што згрешивме!+
19 Ти, о Јехова, ќе седиш на твојот престол довека.+ Престолот твој стои од поколение до поколение.+
20 Зошто да нѐ заборавиш засекогаш,+ да нѐ оставаш за многу денови?+
21 Врати нѐ,+ Јехова, кај себе, и ние спремно ќе си дојдеме! Дај ни нови денови како што беа некогаш!+