Псалми
Давидов псалм.
28 О Јехова, тебе те викам.+
Карпо моја, не свртувај го увото од мене,+
не молчи пред мене,+
за да не бидам како оние што заминуваат во јамата.+
2 Чуј го гласот на моите сесрдни молитви, кога викам кон тебе за помош,
кога ги подигам рацете+ кон најприкриената просторија во твоето свето место.+
3 Немој да ме отстраниш со злите и со оние што прават зло,+
кои со ближниот свој зборуваат мирољубиво,+ а злото им е во срцето.+
4 Дај им според нивните дела+
и според злобата на нивните постапки.+
Дај им според делата на нивните раце.+
Плати им за она што го прават.+
5 Зашто, не им е грижа за она што Јехова го прави,+
ни за делото на неговите раце.+
Тој ќе ги урне и нема да ги изгради.
6 Нека е благословен Јехова, зашто го слушна гласот на моите сесрдни молитви.+