1. Царевите
5 А Хирам,+ тирскиот+ цар, испрати свои слуги+ кај Соломон кога чу дека е помазан за цар на местото на неговиот татко, зашто Хирам отсекогаш го сакаше Давид.+ 2 Тогаш Соломон му порача на Хирам:+ 3 „Ти добро знаеш дека Давид, мојот татко, не можеше да му изгради дом на името на Јехова, својот Бог, поради војните+ со кои го опкружија неговите непријатели сѐ додека Јехова не ги подложи под неговите нозе. 4 Но сега Јехова, мојот Бог, мене ми даде мир на сите мои граници.+ Немам противник и не се случува никакво зло.+ 5 Затоа, еве, имам намера да му изградам дом на името на Јехова, мојот Бог,+ како што Јехова му вети на Давид, мојот татко: ‚Твојот син, кого ќе го поставам наместо тебе на твојот престол, тој ќе му изгради дом на моето име‘.+ 6 Затоа сега заповедај да ми насечат кедри на Ливан.+ Моите слуги ќе бидат со твоите слуги, и ќе ти дадам плата за твоите слуги колку што ќе одредиш, зашто добро знаеш дека меѓу нас нема луѓе што знаат да сечат дрва како Сидонците“.+
7 Кога ги чу зборовите на Соломон, Хирам+ многу се израдува, па рече: „Благословен+ да е денес Јехова, зашто му дал на Давид мудар+ син за да владее над тој многуброен народ!“+ 8 И Хирам му го испрати на Соломон овој одговор: „Чув што си ми порачал. Ќе ти ги исполнам сите желби во врска со кедровото и смрековото+ дрво. 9 Моите слуги ќе ги донесат од Ливан+ до морето. Јас ќе ги поврзам во сплавови и ќе ги пуштам по морето до местото што ќе ми го одредиш.+ Таму ќе ги раздвојат, па ти однеси ги. А ти ќе ја исполниш мојата желба и ќе даваш храна за мојот дом“.+
10 Така Хирам му даваше на Соломон кедрово и смреково дрво колку што сакаше тој. 11 А Соломон му даваше на Хирам по дваесет илјади кора*+ пченица како храна за неговиот дом и по дваесет кора масло од толчени маслинки.*+ Толку му даваше Соломон на Хирам секоја година.+ 12 А Јехова му даде на Соломон мудрост, како што и му вети.+ И меѓу Хирам и Соломон владееше мир, и тие склучија сојуз меѓу себе.
13 Цар Соломон одреди луѓе за работа во целиот Израел. Оние што беа одредени за работа+ беа триесет илјади луѓе. 14 Ги испраќаше наизменично на Ливан, по десет илјади секој месец. По еден месец беа на Ливан, а по два месеца дома.+ Адонирам+ ги надгледуваше оние што беа одредени+ за работа.+ 15 Соломон имаше+ седумдесет илјади носачи+ и осумдесет илјади каменоресци+ во планината,+ 16 не сметајќи ги Соломоновите кнежевски намесници+ кои ја надгледуваа работата, а беа три илјади и триста надзорници над луѓето што ја извршуваа работата.+ 17 Царот им заповеда да извадат големи камења, скапоцени камења,+ за да се положи темелот+ на домот од делкани камења.+ 18 Така Соломоновите градители, Хирамовите градители и Гевалците+ делкаа камен и ги подготвуваа дрвената граѓа и камењата за изградбата на домот.