1. Самоилова
31 Филистејците завојуваа со Израел,+ а Израелците бегаа пред Филистејците и паѓаа убиени+ по планината Гелвуја.+ 2 Филистејците дојдоа многу блиску до Саул и до неговите синови, па ги убија Јонатан,+ Авинадав+ и Малхи-Суа,+ синовите на Саул. 3 Битката стануваше сѐ пожестока околу Саул. На крајот, стрелците со лакови го најдоа и тешко го ранија.+ 4 Тогаш Саул му рече на својот штитоносец: „Извлечи го својот меч+ и прободи ме со него за да не дојдат оние необрежанине,+ да ме прободат и да ме исмејат!“ Но штитоносецот не сакаше,+ зашто многу се плашеше. Затоа Саул го зеде мечот и се фрли врз него.+ 5 Кога виде дека Саул умре,+ штитоносецот исто така се фрли врз својот меч и умре со него.+ 6 Така, во тој ден заедно загинаа Саул, неговите три сина, неговиот штитоносец и сите негови луѓе.+ 7 Кога видоа дека израелската војска избега и дека Саул и неговите синови загинаа, Израелците што беа во долината и оние што беа во јорданскиот крај почнаа да ги напуштаат градовите и да бегаат.+ Тогаш дојдоа Филистејците и се населија во нив.+
8 Утредента, кога дојдоа да ги ограбат убиените,+ Филистејците ги најдоа Саул и неговите три сина како лежат на планината Гелвуја.+ 9 Му ја отсекоа главата+ на Саул и му го симнаа оружјето, па испратија гласници по целата филистејска земја за да ја разнесат веста+ во храмовите на своите идоли+ и меѓу народот. 10 На крајот, неговото оружје+ го ставија во храмот на ликовите на Астарта,+ а неговото тело го обесија на ѕидот од градот Вет-Сан.+ 11 Кога жителите на Јавис-Галад+ чуја што му направиле Филистејците на Саул, 12 сите храбри мажи станаа и, откако патуваа цела ноќ, ги симнаа телото на Саул и телата на неговите синови од ѕидот на градот Вет-Сан. И се вратија во Јавис и таму ги запалија.+ 13 Потоа ги зедоа нивните коски,+ па ги закопаа+ под тамарисовото+ дрво во Јавис. И седум дена постеа.+