Песна над песните
5 „Дојдов во градината своја,+ сестро моја,+ невесто моја.+ Набрав од смирната своја+ и од мирисливите билки свои. Јадев од саќето свое и од медот свој,+ пиев од виното и од млекото свое.“
„Јадете, пријатели! Пијте и опијте се со љубов!“+
2 „Јас спијам, но срцето ми бдее.+ Го слушам љубениот мој како чука!“+
„Отвори ми,+ сестро моја, љубена моја, гулабице моја, ти која немаш маана!+ Зашто главата ми е полна со роса и кадриците од косата моја се полни со ноќни капки.“+
3 „ ,Си ја соблеков кошулата, па како да ја облечам пак? Си ги измив нозете, па како да ги извалкам?‘ 4 Љубениот мој си ја повлече раката од отворот на вратата, а мене утробата ми затрепери.+ 5 Станав да му отворам на љубениот мој, а од рацете ми прокапа смирна, од прстите смирната ми потече врз дупките од резето. 6 Му отворив на љубениот мој, но мојот љубен веќе си беше отишол, го немаше. Мојата душа излезе од мене кога тој проговори. Го барав, но не го најдов.+ Го викав, но не се одгласи. 7 Ме сретнаа стражарите+ што го обиколуваа градот. Ме тепаа, рани ми направија. Стражарите од ѕидиштата+ наметката ми ја зедоа.
8 Ве заколнувам,+ ќерки ерусалимски!+ Ако го најдете љубениот мој,+ кажете му дека боледувам од љубов.“+
9 „Во што е љубениот твој подобар од другите,+ о најубава меѓу жените?+ Во што е љубениот твој подобар од другите, па така нѐ заколнуваш?“+
10 „Љубениот мој целиот свети и румен е, меѓу десет илјади се познава.+ 11 Главата му е злато, чисто злато. Кадриците од косата му се урмини гроздови. Како гавран му е црна косата. 12 Очите му се како гулаби крај потоци, кои се капат во езерце од млеко и седат во него. 13 Образите му се како леа со зачини,+ како кули со билки мирисливи. Усните му се кринови, од нив капе течна смирна.+ 14 Прстите му се од злато, со хризолит исполнети. Стомакот му е плоча од слонова коска, прекриена со сафири. 15 Нозете му се мермерни столбови, на подножја од чисто злато поставени. Ставата му е како Ливан, како кедрите+ — му нема рамен. 16 Непцето му е со блажина полно и целиот е привлечен.+ Таков е милиот мој, таков е љубениот мој, ќерки ерусалимски.“