4. Мојсеева
26 По тој помор,+ Јехова им рече вака на Мојсеј и Елеазар, синот на свештеникот Арон: 2 „Пребројте ја целата заедница од синови на Израел од дваесет години нагоре, по домовите на нивните татковци, сите способни за војска во Израел“.+ 3 И така Мојсеј и свештеникот Елеазар+ зборуваа во пустелијата, во моавските рамници+ покрај Јордан, спроти Ерихон,+ и рекоа: 4 „Пребројте ги оние од дваесет години нагоре, како што му заповеда Јехова на Мојсеј“.+
А синовите на Израел што излегоа од египетската земја беа: 5 Рувим, првородениот на Израел;+ синови на Рувим: од Анох+ семејството Аноховци; од Фалу+ семејството Фалуевци; 6 од Есром+ семејството Есромовци; од Харми+ семејството Хармиевци. 7 Тоа се семејствата од Рувим. Бројот на попишаните меѓу нив изнесуваше четириесет и три илјади и седумстотини и триесет.+
8 Синот на Фалу беше Елијав. 9 Синовите на Елијав: Немуил, Датан и Авирон. Овие Датан+ и Авирон+ беа од оние што беа повикувани на собрание, и тие учествуваа во бунтот против Мојсеј и Арон заедно со дружината на Кореј,+ кога се побунија против Јехова.
10 И земјата ја отвори устата и ги проголта.+ А Кореј загина со својата дружина кога огнот проголта двесте и педесет луѓе.+ Така станаа пример за опомена.+ 11 Но синовите на Кореј не загинаа.+
12 Синовите на Симеон,+ по нивните семејства: од Немуил*+ семејството Немуиловци; од Јамин+ семејството Јаминовци; од Јахин+ семејството Јахиновци; 13 од Зара* семејството Заревци; од Саул+ семејството Сауловци. 14 Тоа се семејствата од Симеон, дваесет и две илјади и двесте попишани.+
15 Синовите на Гад,+ по нивните семејства: од Сифон* семејството Сифоновци; од Агиј семејството Агиевци; од Суниј семејството Суниевци; 16 од Азен* семејството Азеновци; од Ириј семејството Ириевци; 17 од Арод семејството Ародовци; од Арилиј+ семејството Арилиевци. 18 Тоа се семејствата од синовите на Гад, четириесет илјади и петстотини попишани.+
19 Синови на Јуда+ беа Ир+ и Онан.+ Но Ир и Онан умреа во ханаанската земја.+ 20 Синовите на Јуда, по нивните семејства, беа: од Сала+ семејството Салевци; од Фарес+ семејството Фаресовци; од Зара+ семејството Заревци. 21 Синовите на Фарес беа: од Есром+ семејството Есромовци; од Амуил+ семејството Амуиловци. 22 Тоа се семејствата на Јуда,+ седумдесет и шест илјади и петстотини попишани.+
23 Синовите на Исахар,+ по нивните семејства, беа: од Тола+ семејството Толевци; од Фува семејството Фувевци; 24 од Јасув* семејството Јасувовци; од Симрон+ семејството Симроновци. 25 Тоа се семејствата на Исахар, шеесет и четири илјади и триста попишани.+
26 Синовите на Завулон,+ по нивните семејства, беа: од Серед семејството Середовци; од Елон семејството Елоновци; од Јалеил+ семејството Јалеиловци. 27 Тоа се семејствата од Завулон, шеесет илјади и петстотини попишани.+
28 Синовите на Јосиф,+ по нивните семејства, беа Манасија и Ефрем.+ 29 Синовите на Манасија+ беа: од Махир+ семејството Махировци. А на Махир му се роди Галад.+ Од Галад семејството Галадовци. 30 А ова беа синовите на Галад: од Иезер+ семејството Иезеровци; од Хелек семејството Хелековци; 31 од Азрил семејството Азриловци, од Сихем семејството Сихемовци; 32 од Семида+ семејството Семидовци; од Офер+ семејството Оферовци. 33 А Салпад, синот на Офер, немаше синови, туку само ќерки.+ Имињата на ќерките на Салпад беа: Мала, Нуа, Огла, Мелха и Терса.+ 34 Тоа се семејствата на Манасија, педесет и две илјади и седумстотини попишани.+
35 А ова беа синовите на Ефрем,+ по нивните семејства: од Сутал+ семејството Суталовци, од Вехер семејството Вехеровци; од Тахан+ семејството Тахановци. 36 А синовите на Сутал беа: од Еран семејството Ерановци. 37 Тоа се семејствата на синовите на Ефрем,+ триесет и две илјади и петстотини попишани. Тоа се синовите на Јосиф, по нивните семејства.+
38 Синовите на Венијамин,+ по нивните семејства, беа: од Вела+ семејството Велевци; од Асвил+ семејството Асвиловци, од Ахирам* семејството Ахирамовци; 39 од Сефуфам* семејството Сефуфамовци; од Уфам*+ семејството Уфамовци. 40 Синовите на Вела беа Аред и Нааман:+ од Аред семејството Аредовци; од Нааман семејството Наамановци. 41 Тоа се синовите на Венијамин,+ по нивните семејства, четириесет и пет илјади и шестотини попишани.+
42 А ова беа синовите на Дан,+ по нивните семејства: од Сухам* семејството Сухамовци. Тоа се семејствата на Дан,+ по нивните семејства. 43 Во сите семејства од Сухамовци имаше шеесет и четири илјади и четиристотини попишани.+
44 Синовите на Асер,+ по нивните семејства, беа: од Имна+ семејството Имновци; од Исви+ семејството Исвиевци; од Верија семејството Вериевци; 45 од синовите на Верија: од Хевер семејството Хеверовци; од Малхил+ семејството Малхиловци. 46 А ќерката на Асер се викаше Сера.+ 47 Тоа се семејствата на синовите на Асер,+ педесет и три илјади и четиристотини попишани.+
48 Синовите на Нефталим,+ по нивните семејства, беа: од Јасиил+ семејството Јасииловци; од Гуниј+ семејството Гуниевци; 49 од Јесер+ семејството Јесеровци; од Силим+ семејството Силимовци. 50 Тоа се семејствата на Нефталим,+ по нивните семејства, четириесет и пет илјади и четиристотини попишани.+
51 Бројот на попишаните синови на Израел изнесуваше шестотини и една илјада и седумстотини и триесет.+
52 Потоа Јехова му рече на Мојсеј: 53 „Ним да им се подели земјата во наследство според бројот на имињата.+ 54 На оние што се многубројни, зголеми им го наследството, а на оние што се малобројни, намали им го наследството.+ Секому да му се даде наследство според бројот на попишаните. 55 Но земјата да се подели со ждрепка.+ Нека добијат наследство според имињата на племињата на своите татковци. 56 Како што ќе одлучи ждрепката, така да се подели наследството меѓу оние што се многу и оние што се малку“.
57 А ова се попишаните од племето на Леви+ по нивните семејства: од Гирсон+ семејството Гирсоновци; од Кат+ семејството Катовци; од Мерариј+ семејството Мерариевци. 58 Ова беа семејствата на синовите на Леви: семејството Ливниевци,+ семејството Хевроновци,+ семејството Махлиевци,+ семејството Мусиевци,+ семејството Кореовци.+
А на Кат+ му се роди Амрам.+ 59 Амрамовата жена се викаше Јохаведа,+ ќерка на Леви, која му се роди на Леви во Египет. Таа на Амрам му ги роди Арон, Мојсеј и Маријам, нивната сестра.+ 60 А на Арон му се родија Надав и Авиуд,+ Елеазар и Итамар.+ 61 Но Надав и Авиуд загинаа бидејќи принесуваа недозволен оган пред Јехова.+
62 Бројот на сите попишани меѓу нив изнесуваше дваесет и три илјади машки на возраст од еден месец нагоре.+ Имено, тие не беа попишани со синовите на Израел+ бидејќи не добија наследство меѓу синовите на Израел.+
63 Тоа се оние што Мојсеј и свештеникот Елеазар ги попишаа кога ги попишуваа синовите на Израел во пустелијата, во моавските рамници, покрај Јордан спроти Ерихон.+ 64 Но меѓу нив немаше ниту еден од оние што ги беа попишале Мојсеј и свештеникот Арон кога ги попишуваа синовите на Израел во Синајската Пустина.+ 65 Зашто, Јехова за нив рече: „Ќе изумрат во пустината“.+ Така, не остана ниту еден од нив освен Халев, синот на Јефониј, и Исус, синот на Навин.+