1. Мојсеева
48 По овие настани, му порачаа на Јосиф: „Татко ти е сѐ послаб“. Тогаш тој ги зеде со себе своите два сина, Манасија и Ефрем.+ 2 И му јавија на Јаков: „Ти дојде син ти Јосиф“. А Израел собра сила и седна на постелата. 3 И Јаков му рече на Јосиф:
„Семоќниот Бог ми се покажа во Луз,+ во ханаанската земја, за да ме благослови.+ 4 И ми рече: ‚Ќе те направам плоден+ и ќе те намножам и од тебе ќе направам голем народ,+ а на твоето потомство по тебе ќе му ја дадам оваа земја да ја поседува за навек‘.+ 5 А сега, твоите два сина, кои ти се родиле во египетската земја пред да дојдам кај тебе во Египет, се мои.+ Ефрем и Манасија ќе бидат мои како Рувим и Симеон.+ 6 Но потомството што ќе ти се роди по нив, нека биде твое. Во своето наследство ќе се водат под името на своите браќа.+ 7 А мене по патот ми умре Рахела+ во ханаанската земја, кога доаѓав од Падан,+ кога остана уште еден добар дел од патот до Ефрата,+ па ја погребав на патот за Ефрата, односно Витлеем“.+
8 Тогаш Израел ги виде синовите на Јосиф и праша: „Кои се овие?“+ 9 А Јосиф му одговори на татка си: „Тоа се моите синови што ми ги даде Бог овде“.+ А тој рече: „Те молам, приближи ми ги за да ги благословам!“+ 10 А очите на Израел беа ослабени од староста,+ па не гледаше. Затоа му ги приближи, а тој ги бакна и ги прегрна.+ 11 Потоа Израел му рече на Јосиф: „Не мислев дека ќе го видам твоето лице,+ а еве, Бог ми даде да ги видам и твоите потомци“. 12 Тогаш Јосиф ги тргна од своите колена и се поклони со лицето доземи.+
13 Потоа Јосиф ги зеде двајцата, Ефрем со десницата, така што му стоеше на Израел одлево,+ а Манасија со левицата, така што му стоеше на Израел оддесно,+ и му ги приближи. 14 Но Израел ја испружи десницата и му ја стави на глава на Ефрем,+ иако тој беше помлад,+ а левицата му ја стави на глава на Манасија.+ Намерно ги стави така рацете, иако Манасија беше провородениот.+ 15 И го благослови Јосиф, велејќи:+
„Вистинскиот Бог, кому му служеа* моите татковци Авраам и Исак,+
вистинскиот Бог, кој ми е пастир откако постојам до ден-денес,+
16 ангелот што ме избавуваше од секоја неволја+ нека ги благослови овие момчиња!+
Нека го носат моето име и името на моите татковци, Авраам и Исак,+
и многу нека се намножат на земјата!“+
17 Кога виде Јосиф дека татко му ја стави десницата врз главата на Ефрем, не му беше мило,+ па ја зеде раката на татка си за да ја премести од главата на Ефрем врз главата на Манасија.+ 18 Притоа Јосиф му рече на татка си: „Не така, татко, зашто ова е првородениот!+ Стави ја десницата на неговата глава!“ 19 Но татко му не сакаше, туку рече: „Знам, сине, знам. И од него ќе настане народ, и тој ќе биде голем.+ Но неговиот помлад брат сепак ќе биде поголем од него,+ и неговото потомство ќе стане бројно како цели народи“.+ 20 И ги благослови во тој ден,+ велејќи:
„Со твоето име нека благословуваат во Израел со зборовите:
‚Бог нека те направи како Ефрем и како Манасија!‘ “+
Така го стави Ефрем пред Манасија.+
21 Потоа Израел му рече на Јосиф: „Еве, јас наскоро ќе умрам,+ но Бог ќе биде со вас и ќе ве врати во земјата на вашите прататковци.+ 22 А јас тебе ти давам еден дел од земјата повеќе отколку на твоите браќа,+ дел што го зедов од рацете на Аморејците со својот меч и со својот лак“.