Јов
3 Потоа Јов ја отвори устата и почна да го проколнува денот кога се родил.+ 2 Јов рече:
3 „Да го немаше денот во кој се родив+
и ноќта во која рекоа: ‚Се зачна човек!‘
4 Да се претвори во темнина тој ден!
Да не погледне Бог на него одозгора,
да не го осветли светлината на денот!
5 Да го проголтаат мракот и густата темнина!
Да се надвие над него дождлив облак!
Да го застрашува она што го помрачува денот!+
7 Бесплодна да биде таа ноќ,
да не се чујат во неа радосни извици!+
9 Да потемнат ѕвездите на нејзиното разденување,
да чека светлина и да не ја дочека,
и да не ги види зраците на зората,
10 зашто не ја затвори вратата од утробата+ на мајка ми
и не ми ја скри неволјата од пред очи!
11 Зошто не умрев уште во утробата на мајка ми?+
Зошто не издивнав излегувајќи од нејзината утроба?
12 Зошто ме прифатија колената
и градите+ за да цицам?
13 Сега ќе лежев и ќе бев во мир,+
ќе спиев, ќе почивав+
14 со царевите и со советниците на земјата,+
кои градат за себе места,+ сега лежат во урнатини,
15 или со кнезовите што имаа злато,
кои ги полнат своите куќи со сребро,
16 или ќе ме немаше како скриен пометнат плод,+
како деца што не виделе светлина.+
18 Таму сите затвореници се во мир,
не го слушаат гласот на оној што ги тера на работа.+
19 Таму малиот и големиот се исти,+
робот е слободен од својот господар.
20 Зошто му дава Бог светлина на страдалникот
и им дарува живот на оние што имаат горчина во душата?+
21 Зошто чекаат смрт, а неа ја нема,+
иако ја бараат повеќе отколку скриено богатство?
22 Оние што ликуваат од веселба
се радуваат што нашле гроб.
23 Зошто му дава Бог светлина на човекот кому патот му е скриен,+
кому патот од сите страни му го заградил?+
24 Пред моето јадење, доаѓа мојата воздишка,+
и како вода се разлеваат моите крикови,+
25 оти ужасот кој ме плашеше, ме снаоѓа,
она од кое се плашев доаѓа врз мене.+
26 Уште сега не сум безгрижен и немам мир,
и не почивам, а мојот немир и понатаму доаѓа“.