ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Исус Навин 5
  • Свето писмо — превод Нов свет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

Исус Навин 5:1

Фусноти

  • *

    Буквално: „дух“.

Паралелни стихови

  • +1Мо 10:16
  • +1Мо 12:6; 4Мо 13:29; Су 3:3
  • +2Мо 15:15; ИсН 2:9, 11
  • +ИсН 2:24

Исус Навин 5:2

Паралелни стихови

  • +1Мо 17:11; 2Мо 4:25

Исус Навин 5:3

Фусноти

  • *

    „Гаваја-Харалот“ значи „рид на (обрежани) кожички“.

Паралелни стихови

  • +ИсН 5:9

Исус Навин 5:4

Паралелни стихови

  • +4Мо 14:29; 26:65; 5Мо 2:14; 1Ко 10:5; Ев 3:17

Исус Навин 5:6

Фусноти

  • *

    Види го додатокот 12.

  • *

    Буквално: „ни“.

Паралелни стихови

  • +4Мо 14:33; 5Мо 1:3; Пс 95:10
  • +4Мо 14:23; 5Мо 1:35; Пс 106:26
  • +1Мо 13:15; 2Мо 33:1; Де 7:5
  • +2Мо 3:8; 4Мо 13:27; 5Мо 27:3; Езе 20:6

Исус Навин 5:7

Паралелни стихови

  • +4Мо 14:31; 5Мо 1:39

Исус Навин 5:8

Паралелни стихови

  • +1Мо 34:25

Исус Навин 5:9

Фусноти

  • *

    Името „Гилгал“ е изведено од глаголот кој значи „симнува; соборува“.

Паралелни стихови

  • +1Мо 34:14; Пс 119:39; Ере 9:25, 26
  • +ИсН 4:19; 5:3

Исус Навин 5:10

Паралелни стихови

  • +2Мо 12:24; 4Мо 9:5

Исус Навин 5:11

Паралелни стихови

  • +2Мо 12:18; 13:6; 3Мо 23:6

Исус Навин 5:12

Паралелни стихови

  • +2Мо 16:35
  • +5Мо 6:11; 8:10

Исус Навин 5:13

Паралелни стихови

  • +1Мо 18:2; 2Мо 23:23; Су 13:6; Де 1:10
  • +4Мо 22:23; 1Ле 21:16

Исус Навин 5:14

Паралелни стихови

  • +2Мо 23:20; 1Ца 22:19; Пс 103:20; 148:2; Да 10:13
  • +1Мо 17:3

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула (за проучување),

    10/2018, стр. 23

    Стражарска кула,

    1/12/2004, стр. 9

    15/6/1998, стр. 24

Исус Навин 5:15

Паралелни стихови

  • +2Мо 3:5

Други стихови

Ис. Нав. 5:11Мо 10:16
Ис. Нав. 5:11Мо 12:6; 4Мо 13:29; Су 3:3
Ис. Нав. 5:12Мо 15:15; ИсН 2:9, 11
Ис. Нав. 5:1ИсН 2:24
Ис. Нав. 5:21Мо 17:11; 2Мо 4:25
Ис. Нав. 5:3ИсН 5:9
Ис. Нав. 5:44Мо 14:29; 26:65; 5Мо 2:14; 1Ко 10:5; Ев 3:17
Ис. Нав. 5:64Мо 14:33; 5Мо 1:3; Пс 95:10
Ис. Нав. 5:64Мо 14:23; 5Мо 1:35; Пс 106:26
Ис. Нав. 5:61Мо 13:15; 2Мо 33:1; Де 7:5
Ис. Нав. 5:62Мо 3:8; 4Мо 13:27; 5Мо 27:3; Езе 20:6
Ис. Нав. 5:74Мо 14:31; 5Мо 1:39
Ис. Нав. 5:81Мо 34:25
Ис. Нав. 5:91Мо 34:14; Пс 119:39; Ере 9:25, 26
Ис. Нав. 5:9ИсН 4:19; 5:3
Ис. Нав. 5:102Мо 12:24; 4Мо 9:5
Ис. Нав. 5:112Мо 12:18; 13:6; 3Мо 23:6
Ис. Нав. 5:122Мо 16:35
Ис. Нав. 5:125Мо 6:11; 8:10
Ис. Нав. 5:131Мо 18:2; 2Мо 23:23; Су 13:6; Де 1:10
Ис. Нав. 5:134Мо 22:23; 1Ле 21:16
Ис. Нав. 5:142Мо 23:20; 1Ца 22:19; Пс 103:20; 148:2; Да 10:13
Ис. Нав. 5:141Мо 17:3
Ис. Нав. 5:152Мо 3:5
  • Свето писмо — превод Нов свет
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
Свето писмо — превод Нов свет
Исус Навин 5:1-15

Исус Навин

5 Кога чуја сите аморејски цареви,+ кои беа на западната страна на Јордан, и сите ханаански цареви,+ кои беа покрај морето, дека Јехова ја исуши водата на Јордан пред Израеловите синови додека не го преминаа, срцето им се скамени од страв+ и изгубија храброст* поради Израеловите синови.+

2 Во тоа време Јехова му рече на Исус Навин: „Направи си ножеви од кремен и повторно обрежи ги+ Израеловите синови, по втор пат!“ 3 И Исус Навин си направи ножеви од кремен и ги обрежа Израеловите синови кај Гаваја-Харалот.*+ 4 А еве зошто ги обрежа Исус Навин: целиот народ што излезе од Египет, сите машки, сите мажи што беа способни за војна, умреа+ во пустината по патот, откако излегоа од Египет. 5 Целиот народ што излезе беше обрежан, но целиот народ што се роди во пустината по патот откако излегоа од Египет не беше обрежан. 6 Зашто, Израеловите синови одеа низ пустината* четириесет години+ сѐ додека не изумреа сите мажи способни за војна кои излегоа од Египет и кои не го послушаа Јеховиниот глас. Ним Јехова им се заколна дека нема да им дозволи да ја видат земјата+ за која Јехова им се заколна на нивните прататковци дека ќе им* ја даде,+ земја во која тече мед и млеко.+ 7 На нивното место ги подигна нивните синови.+ Нив Исус Навин ги обрежа, зашто беа необрежани, бидејќи не беа обрежувани додека беа на пат.

8 И кога беше обрежан целиот народ, се одмораа на своето место во логорот додека не закрепнаа.+

9 Тогаш Јехова му рече на Исус Навин: „Денес го симнав од вас египетскиот срам“.+ Затоа местото го доби името Гилгал,*+ кое го носи до ден-денес.

10 И Израеловите синови останаа улогорени во Гилгал, и таму, на пустата рамница кај Ерихон, ја прославија Пасхата на четиринаесеттиот ден од месецот, вечерта.+ 11 А утредента по Пасхата почнаа да јадат од плодовите на земјата — бесквасен леб+ и пржени зрна — токму на тој ден. 12 На следниот ден, кога јадеа од плодовите на земјата, маната престана да паѓа. Така Израеловите синови повеќе не добиваа мана,+ и во таа година почнаа да ги јадат плодовите на ханаанската земја.+

13 А кога се најде кај Ерихон, Исус Навин ги подигна очите и погледна, а пред него стоеше човек+ со извлечен меч во раката.+ И Исус Навин му пристапи и му рече: „Дали си на наша страна или си на страната на нашите непријатели?“ 14 А тој му рече: „Не сум на ничија страна, туку сега доаѓам како кнез на Јеховината војска“.+ Тогаш Исус Навин, полн со страхопочит, падна ничкум на земја,+ па му рече: „Што му заповеда мојот господар на својот слуга?“ 15 А кнезот на Јеховината војска му одговори на Исус Навин: „Собуј ги сандалите од нозете, зашто местото на кое стоиш е свето!“ И Исус Навин веднаш го направи тоа.+

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели