Захарија
5 Потоа пак ги подигнав очите и погледнав, кога ете — свиток што лета.+ 2 А тој ме праша: „Што гледаш?“+
Му одговорив: „Гледам свиток што лета, дваесет лакти долг и десет лакти широк“.
3 Тогаш тој ми рече: „Тоа е проклетството што доаѓа на целата земја,+ зашто секој што краде+ остана без казна според она што е запишано на оваа страна, и секој што се колне+ остана без казна според она што е запишано на другата страна.+ 4 ‚Јас го испратив‘, вели Јехова над војските, ‚да влезе во куќата на крадецот и во куќата на оној што се колне лажно во мое име.+ И ќе престојува во неговата куќа и ќе ја уништи заедно со нејзината дрвена граѓа и со нејзините камења‘ “.+
5 Потоа ангелот што зборуваше со мене излезе и ми рече: „Подигни ги очите, те молам, и види што е тоа што излегува“.
6 А јас прашав: „Што е тоа?“
Тој рече: „Тоа што излегува е ефа“.* Па продолжи: „Вакви се злите по целата земја“. 7 И ете, се подигна една тркалезна оловна поклопка, и некоја жена седеше сред ефата. 8 А тој рече: „Ова е Злото“. И ја турна назад во ефата,+ а на отворот фрли тешко парче олово.
9 Потоа ги подигнав очите и погледнав, кога ете — се појавија две жени, со ветар во своите крилја. Крилјата им беа како крилја на штрк. И ја кренаа ефата меѓу земјата и небото. 10 А јас го прашав ангелот што зборуваше со мене: „Каде ја носат ефата?“
11 Тој ми одговори: „Во земјата Сенар+ за да ѝ изградат+ на жената куќа. И кога ќе биде довршена, таму ќе ја стават жената на нејзиното место“.