Захарија
6 И пак ги подигнав очите и погледнав, кога ете — четири коли излегуваа меѓу две планини, а тие планини беа од бакар. 2 Во првата кола беа впрегнати црвени коњи,+ а во втората — црни коњи.+ 3 Во третата кола беа впрегнати бели коњи,+ а во четвртата — дамчести, шарени коњи.+
4 И му се обратив на ангелот што зборуваше со мене и му реков: „Што е тоа, господару мој?“+
5 А ангелот ми одговори: „Тоа се четирите небесни духа,+ кои излегуваат+ од местото каде што стоеја пред Господарот+ на целата земја.+ 6 Колата во која се впрегнати црните коњи тргнува кон северната земја,+ белите тргнуваат кон морето, а дамчестите тргнуваат кон јужната земја.+ 7 Шарените+ нека тргнат за да го пребараат и да го обиколат својот дел од земјата“.+ Потоа рече: „Одете, обиколете ја земјата!“ И тие почнаа да ја обиколуваат земјата.
8 Тогаш ми викна и ми рече: „Гледај! Оние што одат во северната земја го смируваат духот+ на Јехова во северната земја“.+
9 И пак ми дојде Јеховината реч: 10 „Нека се земе дел од прилогот на изгнаниците,+ кој го донесоа Хелдај, Товија и Једај, а ти дојди истиот ден и влези во домот на Јосија, синот на Софонија,+ со тие луѓе што дојдоа од Вавилон. 11 Па земи сребро и злато и направи раскошна круна+ и стави му ја на главата на Исус,+ синот на Јоседек, првосвештеникот. 12 И речи му:
‚Вака вели Јехова над војските: „Еве го човекот+ кому името му е Фиданка.+ Тој ќе изникне од своето место и ќе го изгради Јеховиниот храм.+ 13 Тој ќе го изгради Јеховиниот храм и него честа ќе го краси.+ Ќе седи и ќе владее на својот престол и ќе биде свештеник на својот престол,+ и меѓу тие две служби ќе владее согласност.+ 14 А раскошната круна нека остане во Јеховиниот храм за спомен+ на Хелем, Товија, Једај+ и Хен, синот на Софонија. 15 И оние што се далеку ќе дојдат и ќе го градат Јеховиниот храм“.+ И тогаш ќе знаете дека Јехова над војските ме испрати кај вас.+ Така ќе биде ако го послушате гласот на Јехова, вашиот Бог‘ “.+