4. Мојсеева
23 И Валаам му рече на Валак: „Направи ми овде седум жртвеници+ и подготви ми овде седум јунци и седум овни“. 2 Валак веднаш направи како што рече Валаам. Потоа Валак и Валаам принесоа по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник.+ 3 И Валаам му рече на Валак: „Застани покрај својата жртва паленица,+ а јас ќе одам. Можеби Јехова ќе ми се јави и ќе се сретне со мене.+ А потоа ќе ти кажам сѐ што тој ќе ми покаже“. И отиде на еден гол рид.
4 Кога му се јави Бог, Валаам+ му рече: „Подигнав седум жртвеници во редица и принесов по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник“.+ 5 А Јехова му стави зборови во устата на Валаам,+ па му рече: „Врати се кај Валак и кажи му вака“.+ 6 И Валаам се врати кај него и го најде како стои покрај својата жртва паленица заедно со сите моавски кнезови. 7 Тогаш ја почна својата приказна,*+ и рече:
„Валак, моавскиот цар, сакаше да ме поведе од Арам,+
од источните планини:
‚Дојди, проколни ми го Јаков!
Дојди, осуди го Израел!‘+
8 Како можам да ги проколнам оние што Бог не ги проколнува?+
Како можам да ги осудам оние што Јехова не ги осудува?+
9 Зашто, ги гледам од врвот на карпите
и ги гледам од ридовите.
Еве, тоа е народ што живее одвоено,+
меѓу другите народи не се вбројува.+
10 Кој ја избројал правта на Јаков+
и кој ја избројал четвртината на Израел?
Нека ми умре душата како што умираат чесните,+
крајот нека ми биде како нивниот!“+
11 Тогаш Валак му рече на Валаам: „Што ми направи? Те доведов за да ги проколнеш моите непријатели, а ти, еве, ги опсипуваш со благослови!“+ 12 А тој му возврати: „Зарем нема да се трудам да го зборувам она што Јехова ми го става в уста?“+
13 А Валак му рече: „Те молам, појди со мене на друго место од каде што ќе можеш да ги видиш. Ќе видиш само дел од нив,+ нема да ги видиш сите. И проколни ми ги оттаму“.+ 14 И го одведе во полето Зофим, на врвот од Фасга.+ Таму направи седум жртвеници и принесе по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник.+ 15 Потоа Валаам му рече на Валак: „Застани покрај својата жртва паленица, а јас ќе појдам онаму да се сретнам со него“. 16 И Јехова му се јави на Валаам, му стави зборови во устата и му рече:+ „Врати се кај Валак+ и кажи му вака“. 17 И се врати кај него и го најде како стои покрај својата жртва паленица заедно со моавските кнезови. И Валак го праша: „Што рече Јехова?“ 18 Тогаш Валаам ја почна својата приказна,+ и рече:
„Стани Валаку, и почуј!
Чуј ме, сине Сефоров!+
19 Бог не е човек да лаже,+
ниту син човечки, па да зажали за нешто.+
Зарем рекол нешто, и не го направил,
зарем кажал, и не го исполнил?+
21 Тој не виде никакво гатање+ против Јаков,
ниту некакви неволји против Израел.
Јехова, Богот негов, е со него,+
воскликнувањето за царот одѕвонува во него.
23 Зашто, нема уроци против Јаков,+
ниту некакво гатање против Израел.+
Во тоа време ќе речат за Јаков и за Израел:
‚Што направи Бог!‘+
24 Гледај, еден народ ќе стане како лав,
како лав ќе се крене.+
Нема да легне додека не го голтне пленот,
и ќе ја пие крвта од убиените“.+
25 Тогаш Валак му рече на Валаам: „Ако веќе не можеш да го проколнеш, тогаш немој ни да го благословуваш“. 26 А Валаам му одговори на Валак: „Зарем не ти реков: ‚Сѐ што ќе каже Јехова, тоа ќе го направам‘?“+
27 Потоа Валак му рече на Валаам: „Те молам, дојди да те одведам на уште едно место. Можеби ќе биде добро во очите на вистинскиот Бог да ми го проколнеш оттаму“.+ 28 Тогаш Валак го одведе Валаам на врвот од Фегор, од каде што се гледа на Јесимон.+ 29 И Валаам+ му рече на Валак: „Направи ми овде седум жртвеници и подготви ми овде седум јунци и седум овни“.+ 30 И Валак направи како што рече Валаам и принесе по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник.+