Маскил. Давидов псалм, кога беше во пештерата.+ Молитва.
142 Со својот глас го повикав Јехова на помош,+
со гласот го молам Јехова за милост.+
2 Пред него ја излевав својата загриженост,+
пред него зборував за својата мака,+
3 кога премале духот во мене.+
Тогаш ти го позна мојот пат.+
На патеката по која одам+
тајно ми наместија стапица.+
4 Погледни надесно и види
дека никој не сака да знае за мене.+
Ми исчезна прибежиштето,+
никој не прашува за мојата душа.+
5 Тебе, Јехова, на помош те викав.+
Реков: „Ти си ми прибежиште,+
мое наследство+ во земјата на живите“.+
6 Слушни го моето преколнување,+
зашто многу пропаднав.+
Избави ме од моите прогонители,+
зашто се посилни од мене.+
7 Изведи ја мојата душа од темницата+
за да го фали твоето име.+
Нека се соберат околу мене праведниците,+
зашто ти ми правиш добро.+