Осија
1 Јеховината реч+ што му дојде на Осија,+ синот на Веири, во деновите+ на Озија,+ Јотам,+ Ахаз+ и Езекија,+ цареви на Јуда, и во деновите на Јеровоам,+ синот на Јоас,+ царот на Израел. 2 Јеховината реч почна да доаѓа преку Осија. Јехова му рече на Осија: „Оди,+ ожени се со жена која ќе направи блуд и ќе роди деца од блуд, зашто поради блуд земјата ќе се одврати од Јехова“.+
3 И тој отиде и ја зеде Гомер, ќерката на Дивлаим, која забремени и му роди син.+
4 Тогаш Јехова му рече: „Стави му име Језраел,+ зашто уште малку и ќе побарам сметка од домот на Јуј за крвопролевањето во Језраел*+ и ќе му ставам крај на царувањето на домот на Израел.+ 5 Во тој ден ќе го скршам лакот+ на Израел во језраелската долина“.
6 И таа пак забремени и роди ќерка. А Бог му рече: „Стави ѝ име Ло-Рухама,*+ зашто нема повеќе да бидам милостив+ кон домот на Израел, туку ќе го протерам.+ 7 Но ќе бидам милостив кон домот на Јуда+ и ќе ги спасам јас, Јехова, нивниот Бог.+ Нема да ги спасам ниту со лак, ниту со меч, ниту со војна, ниту со коњи, ниту со коњаници“.+
8 А кога ја одби од градите Ло-Рухама, забремени и роди син. 9 И Бог рече: „Стави му име Ло-Амиј,* зашто вие не сте мој народ и јас нема да бидам ваш Бог.
10 Синовите Израелови ќе бидат бројни како песокта морска што не може ниту да се измери ниту да се изброи.+ И на местото каде што некогаш им се велеше: ‚Вие не сте мој народ‘,+ ќе бидат наречени ‚Синови на живиот Бог‘.+ 11 Ќе се соберат синовите на Јуда и синовите на Израел и ќе се обединат,+ па ќе си постават еден поглавар и ќе заминат од земјата,+ зашто голем ќе биде језраелскиот ден.+