Езекиел
47 Потоа ме врати до влезот на Домот,+ и гледај, вода+ извираше од под прагот на Домот и течеше кон исток,+ зашто предниот дел на Домот гледаше кон исток. Водата течеше одоздола, од десната страна на Домот, јужно од жртвеникот.
2 И ме изведе низ северната порта+ и ме одведе одоколу по надворешниот пат до надворешната порта која гледаше кон исток,+ и гледај, водата+ течеше од десната страна.
3 Кога тргна кон исток со мерното јаже в рака,+ човекот измери илјада лакти и ме преведе преку водата, а водата беше до глуждови.
4 И пак измери илјада лакти и ме преведе преку водата, а водата беше до колена.
Потоа повторно измери илјада лакти и ме преведе преку водата, а водата сега беше до колкови.
5 Потоа повторно измери илјада лакти. Сега тоа веќе беше река која не можев да ја преминам, зашто водата беше толку надојдена што требаше да се плива — тоа беше река што не можеше да се премине.
6 Тогаш ми рече: „Дали виде, сине човечки?“
Потоа ме поведе и ме врати на брегот на реката. 7 Кога се вратив, гледај, на брегот на реката имаше мошне многу дрвја, на едната и на другата страна.+ 8 И ми рече: „Оваа вода тече во источниот крај, ќе се спушти низ Араба+ и ќе се влее во морето.+ Кога ќе се влее во морето,+ морската вода ќе оздрави. 9 Секаде каде што оваа река — сега веќе двапати поголема — ќе протече, сите живи души што се движат+ ќе оживеат. И ќе има мошне многу риби таму каде што ќе дојде оваа вода, морската вода ќе оздрави+ и сѐ ќе биде живо таму каде што ќе тече оваа река.
10 И рибарите ќе стојат покрај морето од Ен-Геди+ до Ен-Еглаим. Таму ќе се сушат мрежите. Ќе има секакви риби, како во Големото Море,*+ мошне многу.
11 Неговите мочуришта и неговите бари нема да оздрават.+ Ќе бидат оставени за сол.+
12 По должината на реката, по должината на едниот и на другиот брег, ќе израстат разновидни дрвја, кои ќе раѓаат плодови за јадење.+ Лисјата нема да им венеат+ и нема да им снема плод.+ Секој месец ќе раѓаат нов плод, зашто водата им дотечува од светилиштето.+ Нивните плодови ќе бидат за јадење, а лисјата за лек“.+
13 Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ова е подрачјето што ќе си го поделите во наследство, земја за дванаесетте племиња на Израел. На Јосиф ќе му припаднат два дела.+ 14 Вие ќе ја наследите — секој ќе добие колку и неговиот брат — ќе ја наследите земјата за која со подигната рака им се заколнав+ на вашите татковци+ дека ќе им ја дадам, таа земја со ждрепка ќе ви припадне вам во наследство.+
15 Ова е границата на земјата на северната страна: од Големото Море патот за Хетлон,+ како што се оди во Седад,+ 16 Емат,+ Верота,+ Сивраим, кој е меѓу границата на Дамаск+ и границата на Емат, и Азер-Атихон, кој се наоѓа спрема границата на Авран.+ 17 Така границата ќе оди од морето до Хасар-Енан,+ на границата на Дамаск, и понатаму на север, северно од таа граница, до границата на Емат.+ Тоа е северната страна.
18 Источната страна: меѓу Авран+ и Дамаск+ и меѓу Галад+ и земјата на Израел, паралелно со Јордан.+ Мерете од границата кон источното море. Тоа е источната страна.
19 Јужната страна: кон југ, од Тамара+ до водите на Мериват-Кадис,+ по должината на речната долина*+ до Големото Море. Тоа е јужната страна, кон Негев.*
20 Западната страна: граница е Големото Море, од јужната граница право до влезот во Емат.+ Тоа е западната страна.
21 Разделете ја таа земја меѓу себе, меѓу дванаесетте племиња на Израел. 22 Разделете ја во наследство меѓу себе+ и меѓу дојденците што живеат меѓу вас,+ на кои им се родиле синови меѓу вас. И нека ви бидат како да се родени Израелци. Тие ќе добијат наследство заедно со вас меѓу племињата на Израел.+ 23 Во племето во кое живее дојденецот, таму дајте му го неговото наследство“, вели Севишниот Господар Јехова.