4. Мојсеева
7 Во оној ден кога Мојсеј го заврши подигањето на светиот шатор,+ го помаза+ и го посвети со целата негова опрема, а исто и жртвеникот со целиот негов прибор. Ги помаза и ги посвети.+ 2 Потоа го приложија својот дар+ поглаварите на Израел,+ главари на своите родови, односно племенските кнезови што го водеа попишувањето, 3 и го донесоа својот прилог пред Јехова: шест покриени коли и дванаесет грла говеда — по една кола за двајца поглавари и по еден бик за секого. Ги доведоа пред светиот шатор. 4 Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: 5 „Прими го тоа од нив за да се употреби за службата околу шаторот на средбата. Дај им го тоа на левитите, секому според неговата служба“.
6 Така Мојсеј ги прими колите и говедата и им ги даде на левитите. 7 Две коли и четири грла говеда им даде на синовите на Гирсон според нивната служба,+ 8 четири коли и осум грла говеда им даде на синовите на Мерариј според нивната служба,+ под водството на Итамар, синот на свештеникот Арон.+ 9 А на синовите на Кат не им даде ништо, бидејќи ним им беше доверена службата на светото место.+ Тие ги носеа работите на раменици.+
10 Поглаварите потоа го приложија својот дар на свеченоста+ по повод поставувањето на жртвеникот на денот кога беше помазан. И поглаварите го донесуваа својот прилог пред жртвеникот. 11 И Јехова му рече на Мојсеј: „Секој ден по еден поглавар нека го донесе својот прилог на свеченоста по повод поставувањето на жртвеникот“.+
12 Во првиот ден својот прилог го донесе Насон,+ синот на Аминадав, од племето на Јуда. 13 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел,+ полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 14 една златна чаша од десет сикли полна со темјан;+ 15 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 16 едно јаре за жртва за грев;+ 17 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Насон, синот на Аминадав.+
18 Во вториот ден, Нетанел,+ синот на Суар, поглавар на племето на Исахар, го приложи својот дар. 19 Како свој прилог донесе еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 20 една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 21 еден јунец, еден овен, едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 22 едно јаре за жртва за грев,+ 23 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Нетанел, синот на Суар.
24 Во третиот ден на ред беше поглаварот на синовите на Завулон — Елијав,+ синот на Хелон. 25 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва; 26 една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 27 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 28 едно јаре за жртва за грев,+ 29 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Елијав, синот на Хелон.+
30 Во четвртиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Рувим — Елисур,+ синот на Седиур. 31 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 32 една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 33 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 34 едно јаре за жртва за грев,+ 35 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Елисур, синот на Седиур.+
36 Во петтиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Симеон — Селумил,+ синот на Сурисадај. 37 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 38 една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 39 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 40 едно јаре за жртва за грев,+ 41 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Селумил, синот на Сурисадај.+
42 Во шестиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Гад — Елисаф,+ синот на Деуел. 43 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 44 една златна чаша од десет сикли полна со темјан;+ 45 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 46 едно јаре за жртва за грев,+ 47 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Елисаф, синот на Деуел.+
48 Во седмиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Ефрем — Елисама,+ синот на Амиуд. 49 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 50 една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 51 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 52 едно јаре како жртва за грев,+ 53 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Елисама, синот на Амиуд.+
54 Во осмиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Манасија — Гамалиил,+ синот на Фадасур. 55 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 56 една златна чаша од десет сикли полна со темјан;+ 57 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 58 едно јаре за жртва за грев,+ 59 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Гамалиил, синот на Фадасур.+
60 Во деветтиот ден, на ред беше поглаварот+ на синовите на Венијамин — Авидан,+ синот на Гедеони. 61 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 62 една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 63 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 64 едно јаре за жртва за грев,+ 65 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Авидан, синот на Гедеони.+
66 Во десеттиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Дан — Ахиезер,+ синот на Амисадај. 67 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 68 една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 69 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 70 едно јаре за жртва за грев,+ 71 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Ахиезер, синот на Амисадај.+
72 Во единаесеттиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Асер — Фагаил,+ синот на Ехран. 73 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 74 една златна чаша од десет сикли полна со темјан;+ 75 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 76 едно јаре за жртва за грев,+ 77 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Фагаил, синот на Ехран.+
78 Во дванаесеттиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Нефталим — Ахиреј,+ синот на Енан. 79 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 80 една златна чаша од десет сикли полна со темјан;+ 81 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 82 едно јаре за жртва за грев,+ 83 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Ахиреј, синот на Енан.+
84 Ова беше прилогот+ од поглаварите+ на Израел кои, по повод поставувањето на жртвеникот, на денот кога беше помазан, принесоа: дванаесет сребрени садови, дванаесет сребрени чинии+ и дванаесет златни чаши. 85 Секој сребрен сад тежеше сто и триесет сикли, а секоја чинија седумдесет. Во садовите имаше вкупно две илјади и четиристотини сикли сребро, според светиот сикел.+ 86 Златни чаши+ полни со темјан имаше дванаесет и секоја чаша тежеше десет сикли, според светиот сикел. Во чашите имаше вкупно сто и дваесет сикли злато. 87 А стока за жртва паленица+ имаше вкупно: дванаесет јунци, дванаесет овни, дванаесет едногодишни машки јагниња со нивните житни жртви+ и дванаесет јариња како жртва за грев.+ 88 А стока за жртви на заедништвото+ имаше вкупно: дваесет и четири јунци, шеесет овни, шеесет јарци и шеесет едногодишни машки јагниња. Тоа е прилогот за свеченоста по повод поставувањето на жртвеникот+ откако беше помазан.+
89 Кога влегуваше во шаторот на средбата да разговара со Бог,+ Мојсеј го слушаше гласот што му зборуваше одозгора, од над поклопецот+ на ковчегот на сведоштвото, меѓу двата херувима.*+ Така му зборуваше.