ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 Римјаните 1:1-16:27
  • Римјаните

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Римјаните
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Римјаните

Послание до Римјаните

1 Од Павле — роб+ на Исус Христос, повикан+ за апостол,+ одвоен за проповедање на Божјата добра вест,+ 2 која Бог однапред ја вети преку своите пророци+ во светите Писма, 3 за својот Син, кој по тело+ е потомок на Давид,+ 4 а кој со силата+ на духот+ на светоста беше прогласен за Божји Син+ кога беше воскреснат од мртвите,+ за Исус Христос, нашиот Господар,* 5 преку кого примивме* незаслужена доброта+ и апостолство+ за сите народи, на слава на неговото име, да стекнат вера и да му бидат послушни,+ 6 а меѓу нив сте повикани и вие да му припаѓате на Исус Христос — 7 до сите Божји сакани кои се во Рим, повикани+ да бидат свети:+

Бог, нашиот Татко, и Господарот Исус Христос+ нека ви дадат незаслужена доброта и мир!+

8 Најпрвин, му благодарам на мојот Бог+ преку Исус Христос за сите вас, бидејќи за вашата вера се зборува по целиот свет.+ 9 Зашто, Бог,+ кому му служам* со сето срце* проповедајќи ја добрата вест за неговиот Син, ми е сведок дека секогаш ве спомнувам во моите молитви+ 10 и се молам конечно да успеам некако да дојдам кај вас, ако е Божја волја.+ 11 Зашто, копнеам да ве видам,+ да ви дадам некаков духовен дар+ за да зајакнете, 12 односно, заемно да се охрабриме,+ јас со вашата вера,+ а вие со мојата.

13 Но, не би сакал да не знаете, браќа,+ дека многупати имав намера да дојдам кај вас+ — но досега бев спречен — за да наберам некаков плод+ и меѓу вас, како и меѓу останатите народи. 14 Должник сум им и на Грците и на останатите народи,* и на мудрите+ и на неуките. 15 Оттаму е и мојата силна желба да ви ја објавам добрата вест+ и вам во Рим.+ 16 Имено, јас не се срамам+ од добрата вест. Таа е Божја сила+ која му донесува спасение на секој што верува,+ најнапред на Евреинот,+ а потоа и на Гркот.+ 17 Зашто, Божјата праведност+ им се открива на луѓето преку добрата вест поради нивната вера,+ и тоа им ја јакне верата, како што е напишано: „А праведникот ќе живее поради верата“.+

18 А Божјиот гнев+ се излева* од небото на секоја безбожност и неправедност+ на луѓето, кои неправедно+ ја потиснуваат вистината,+ 19 зашто она што може да се знае за Бог им е видливо+ — Бог им го направи тоа видливо.+ 20 Зашто, неговите невидливи+ својства, имено неговата вечна моќ+ и божество,+ јасно се гледаат уште од создавањето на светот,+ бидејќи се распознаваат по она што е создадено,+ па така тие луѓе немаат изговор.+ 21 Зашто, иако го запознаа Бог, не му оддадоа слава и не му заблагодарија како на Бог,+ туку размислувањето им стана залудно+ и неразумното срце им се помрачи.+ 22 Тврдеа дека се мудри, но станаа безумни,+ 23 и славата+ на нераспадливиот Бог ја заменија со кипови+ направени според обликот на распадлив човек и на птици и на четвороножни животни и на лазачи.+

24 Затоа Бог, според желбите на нивните срца, ги предаде на нечистотија+ за самите да си ги обесчестуваат+ своите тела.+ 25 Тие ја заменија Божјата вистина+ со лага,+ па го почитуваа и го обожаваа созданието, наместо Создателот, кој е благословен во сета вечност. Амин.* 26 Затоа, Бог ги препушти на срамни сексуални страсти:+ нивните жени ги заменија природните односи со противприродни,+ 27 а така и мажите ги оставија природните односи со жената+ и во својата страст се распалија едни по други, па мажи со мажи+ го прават она што е срамотно+ и ја примаат заслужената плата+ за своите расипани постапки.+

28 И бидејќи не сакаа добро да го запознаат* Бог,+ Бог дозволи да ги водат размислувања што тој не ги одобрува+ и да го прават она што не прилега.+ 29 Полни се со секаква неправда,+ злоба,+ лакомост,+ расипаност,+ полни се со завист,+ убиства,+ караници,+ измами,+ злонамерност,+ шират озборувања,+ 30 клеветат,+ го мразат Бог, дрски се,+ надуени,+ вообразени,+ смислуваат зло,+ непослушни им се на родителите,+ 31 неразумни се,+ не почитуваат договори,+ бесчувствителни се кон другите,*+ немилосрдни.+ 32 Иако добро ја познаваат Божјата праведна одредба+ — дека оние што постапуваат така, заслужуваат смрт+ — тие не само што така постапуваат туку и ги одобруваат+ таквите постапки на оние што ги прават.

2 Затоа немаш изговор, човеку+ што судиш,+ кој и да си. Зашто, за она за кое му судиш на другиот, ти се осудуваш самиот себе, бидејќи ти што судиш+ го правиш истото.+ 2 А знаеме дека Бог ќе им суди според вистината+ на оние што прават такво нешто.

3 Но, зарем мислиш, човеку+ кој ги судиш оние што прават такво нешто, а самиот го правиш истото, дека ќе го избегнеш Божјиот суд?+ 4 Или, можеби го презираш богатството на неговата добрина+ и воздржливост+ и долготрпеливост,+ не сфаќајќи дека Божјата добрина сака да те доведе до покајание?*+ 5 Туку со својата тврдокорност+ и непокајничко срце+ си навлекуваш на себе гнев+ за денот на гневот+ и на појавувањето+ на Божјиот праведен суд.+ 6 А Бог ќе му врати секому според неговите дела:+ 7 на оние што со истрајност во добрите дела ја бараат славата и честа и нераспадливоста+ — вечен живот. 8 А кавгаџиите+ и оние што не ѝ се покорни на вистината,+ а ѝ се покорни на неправдата, ги чека лутина и гнев,+ 9 неволја и мака. Тоа го чека секој човек* што прави зло, најпрво Евреинот,+ а потоа и Гркот.+ 10 А слава и чест и мир го чека секој што прави добро,+ најпрво Евреинот,+ а потоа и Гркот.+ 11 Зашто, кај Бог нема пристрасност.+

12 Навистина, сите што згрешија немајќи закон, ќе загинат, иако немале закон,+ а сите што згрешија под законот,+ ќе бидат судени според законот.+ 13 Зашто, пред Бог не се праведни оние што само го слушаат законот, туку за праведни ќе бидат прогласени+ оние што го извршуваат законот.+ 14 Зашто, секогаш кога незнабошците,+ кои немаат закон,+ по природа го држат она што е во законот,+ тие самите за себе се закон, иако немаат закон. 15 Тие покажуваат дека она што се наоѓа во законот е запишано во нивните срца,+ а за тоа сведочи и нивната совест,+ па во своите мисли се обвинети+ или, пак, се оправдани. 16 Сето тоа ќе се покаже во денот кога Бог преку Христос Исус ќе му суди+ на она што е скриено+ во луѓето,+ според добрата вест што ја објавувам.+

17 А ти се нарекуваш себеси Евреин+ и се потпираш на законот+ и се гордееш со Бог+ 18 и ја познаваш неговата волја+ и умееш да го препознаеш она што е највредно, бидејќи си поучен* од Законот,+ 19 и уверен си дека си водач на слепите,+ светлина на оние што се во темнина,+ 20 воспитувач на неразумните,+ учител на деца+ и дека ги имаш основите+ на знаењето и на вистината+ во Законот — 21 зарем ти, кој учиш други, не се учиш самиот себе?+ Зарем ти, кој проповедаш: „Не кради“,+ крадеш?+ 22 Зарем ти, кој велиш: „Не врши прељуба“,+ вршиш прељуба? Зарем ти, кој се гнасиш од идолите, ограбуваш+ храмови? 23 Зарем ти, кој се гордееш со законот, го обесчестуваш Бог со престапување на Законот?+ 24 Зашто, како што е напишано, „поради вас се хули на Божјето име меѓу незнабошците“.+

25 Имено, обрежувањето+ е од корист само ако го вршиш законот,+ но ако го престапуваш законот, твоето обрежување+ станало необрежување.+ 26 Значи, ако необрежаниот+ се придржува кон праведните барања+ на Законот, нема ли неговото необрежување да се смета за обрежување?+ 27 И оној што по потекло е необрежан, а го извршува Законот, ќе ти суди тебе+ кој, иако имаш пишан закон и обрежување, го престапуваш законот. 28 Зашто, не е вистински Евреин оној што е тоа однадвор,+ ниту е вистинско обрежување она што е однадвор, на телото,+ 29 туку вистински Евреин е оној што е таков однатре+ и неговото обрежување е обрежување на срцето+ по дух, а не по пишан закон.+ Тој не добива пофалба+ од луѓето, туку од Бог.+

3 Тогаш, каква е предноста на Евреите?+ Или, каква е користа од обрежувањето?+ 2 Голема во секој поглед. Пред сѐ затоа што им беа доверени светите Божји објави.+ 3 Тогаш, за што станува збор? Ако некои не верувале,+ дали можеби нивното неверување ќе ја обезвредни+ Божјата верност?+ 4 Никако! Туку Бог нека се покаже вистинит,+ а секој човек лажливец,+ како што е напишано: „Ти си праведен во своите зборови и ќе победиш кога ќе ти судат“.+ 5 Но, ако нашата неправедност ја истакнува Божјата праведност,+ што да речеме за тоа? Дали е Бог неправеден+ кога го излева својот гнев? (Зборувам како што зборуваат луѓето.)+ 6 Никако! Инаку, како Бог ќе му суди на светот?+

7 А ако поради мојата лага уште повеќе се истакнала Божјата вистина+ на негова слава, тогаш зошто сум суден како грешник?+ 8 И зошто да не речеме, како што лажно нѐ обвинуваат+ и како што некои луѓе тврдат дека велиме: „Да правиме зло за да дојде доброто“?+ Нив ги чека праведна осуда.+

9 Тогаш, што да кажеме? Дали ние сме во предност?+ Никако! Оти, штотуку ги обвинивме сите, и Евреите и Грците, дека се под грев,+ 10 како што е напишано: „Нема праведен човек, ниту еден.+ 11 Нема ниту еден што е разборит, нема ниту еден што го бара Бог.+ 12 Сите застранија, сите тие се безвредни, нема кој да прави добро, нема ниту еден“.+ 13 „Нивното грло е гроб отворен, мамат со својот јазик.“+ „Зад нивните усни има змиски отров.“+ 14 „И устата им е полна со клетви и со горчина.“+ 15 „Нозете им се брзи да пролеат крв.“+ 16 „Пропаст и беда има на нивните патишта+ 17 и не го запознаа патот на мирот.“+ 18 „Пред нивните очи нема страв од Бог.“+

19 А знаеме дека сето она што го кажува Законот*+ се однесува на оние што се под Законот, за да занеми секоја уста+ и целиот свет да потпадне+ под Божјата казна.+ 20 Затоа, поради вршењето на делата пропишани со законот, ниту еден човек нема да биде прогласен за праведен+ пред Бог, зашто преку законот+ јасно сфативме* што е грев.+

21 А сега се покажа дека праведност+ пред Бог може да се постигне без да се држи законот, а за тоа сведочат+ Законот+ и Пророците+. 22 Праведност пред Бог можат да постигнат, со вера во Исус Христос,+ сите што веруваат,+ бидејќи нема разлика.+ 23 Зашто, сите згрешија+ и не ја одразуваат Божјата слава,+ 24 но дар+ е тоа што преку неговата незаслужена доброта+ се прогласени за праведни затоа што се ослободени со откупнината+ што ја плати Христос Исус. 25 Бог го постави него како жртва со која ги помири со себе+ оние што веруваат во Христовата крв.+ Тоа го направи за да ја покаже својата праведност, бидејќи во својата воздржливост+ ги простуваше гревовите+ направени во минатото. 26 Имено, сакаше да ја покаже својата праведност+ во сегашново време — да биде праведен и тогаш кога го прогласува за праведен+ оној што верува во Исус.

27 Значи, имаме ли причина да се фалиме?+ Немаме. Кој закон не го допушта тоа?+ Законот на делата?+ Не, туку законот на верата.+ 28 Имено, сметаме дека човекот е прогласен за праведен поради неговата вера, а не поради вршење на делата пропишани со законот.+ 29 Зарем Бог е Бог само на Евреите?+ Зарем не е и Бог на луѓето од другите народи?*+ Да, тој е Бог и на луѓето од другите народи+ — 30 зашто, Бог е само еден+ — и тој ќе ги прогласи обрежаните+ за праведни поради нивната вера, а и необрежаните+ ќе ги прогласи за праведни преку нивната вера. 31 Тогаш, дали ние со својата вера го укинуваме законот?+ Никако! Напротив, го потврдуваме законот.+

4 Значи, што да кажеме за Авраам, нашиот прататко+ по тело? 2 Да беше Авраам прогласен за праведен поради своите дела,+ ќе имаше со што да се фали — но не пред Бог. 3 Оти, што вели Писмото? „Авраам му поверува на Јехова, а тој го сметаше за праведен поради тоа.“+ 4 А платата на оној што работи+ не му се смета како дар,*+ туку како нешто што му се должи.+ 5 Но човекот кој нема доверба во она што го работи, туку верува+ во оној што го прогласува безбожниот за праведен, тој го смета за праведен поради неговата вера.+ 6 Така и Давид зборува за среќата на човекот кого Бог го смета за праведен независно од неговите дела: 7 „Среќни се оние чии незаконски дела се простени+ и чии гревови се покриени.+ 8 Среќен е човекот кому Јехова не му го вбројува гревот“.+

9 Тогаш, дали оваа среќа е само за обрежаните или и за необрежаните?+ Зашто, велиме: „Бог го сметаше Авраам за праведен поради верата“.+ 10 А под какви околности почна да го смета за таков? Кога беше обрежан или кога беше необрежан?+ Не кога беше обрежан, туку кога беше необрежан. 11 И прими знак+ — обрежувањето — како печат на праведноста, која ја стекна поради верата што ја имаше уште додека беше необрежан, за да им биде татко+ на сите што веруваат+ како необрежани, за Бог да ги смета за праведни, 12 и да биде татко на обрежано потомство, не само на оние што се држат за обрежувањето туку и на оние што како необрежани одат по стапките на таа вера, која ја имаше нашиот татко Авраам.+

13 Зашто, ветувањето+ дека ќе биде наследник на светот не му беше дадено на Авраам или на неговото потомство врз основа на закон, туку врз основа на праведноста што ја стекна поради својата вера.+ 14 Зашто, ако се наследници оние што се држат за законот, верата станала бескорисна и ветувањето е укинато.+ 15 Всушност, Законот донесува гнев Божји,+ но таму каде што нема закон, нема ни престап.+

16 Значи, ветувањето+ беше дадено поради верата, според незаслужената доброта,+ и му е загарантирано на целото негово потомство,+ не само на она што се држи за Законот туку и на она што се држи за верата на Авраам. (Тој ни е татко+ на сите нас, 17 како што е напишано: „Те поставувам за татко на многу народи“.)+ Тоа беше пред оној во кого тој веруваше, пред Бог, кој ги оживува мртвите+ и зборува за она што не се случило како веќе да се случило.+ 18 Иако немаше причина да се надева, тој имаше надеж,+ па поверува дека ќе стане татко на многу народи,+ како што беше речено: „Толкаво ќе биде твоето потомство“.+ 19 И не му ослаби верата, иако знаеше дека телото веќе му е мртво,+ зашто имаше околу сто години,+ и дека Сарината материца е мртва.+ 20 Но, поради Божјето ветување,+ не се поколеба, ниту изгуби вера,+ туку се зајакна преку својата вера+ и му оддаде слава на Бог, 21 и беше потполно уверен дека тој може да го направи она што го ветил.+ 22 Затоа „тој го сметаше за праведен“.+

23 Но, дека го „сметаше+ за праведен“ не е напишано само поради него+ 24 туку и поради нас на кои ни е одредено да бидеме сметани за праведни, бидејќи веруваме во оној што го воскресна од мртвите Исус, нашиот Господар,+ 25 кој беше предаден заради нашите престапи+ и беше воскреснат за да бидеме ние прогласени за праведни.+

5 И така, бидејќи сме прогласени за праведни поради верата,+ да останеме во мир+ со Бог преку нашиот Господар Исус Христос, 2 преку кого можеме со вера да ѝ пристапиме+ на оваа незаслужена доброта во која стоиме, и се радуваме поради надежта+ дека ќе бидеме учесници во Божјата слава. 3 И не само тоа, туку се радуваме и во неволји,+ зашто знаеме дека неволјата донесува истрајност,+ 4 истрајноста — испитаност,+ испитаноста — надеж,+ 5 а надежта нема да разочара.+ Зашто, љубовта Божја+ е излеана во нашите срца+ преку светиот дух,+ кој ни е даден.

6 Навистина, уште кога бевме слаби,+ Христос умре за безбожниците во времето што беше одредено за тоа.+ 7 Навистина, тешко дека некој ќе умре за праведен,+ но за добар човек+ можеби некој и би се осмелил да умре.+ 8 А Бог ни ја покажа својата љубов,+ така што Христос умре за нас уште додека бевме грешници.+ 9 Колку повеќе ќе бидеме спасени преку него од Божјиот гнев+ сега, кога преку неговата крв сме прогласени за праведни.+ 10 Зашто, ако се помиривме со Бог преку смртта на неговиот Син+ уште додека бевме непријатели,+ колку повеќе сега, кога сме помирени, ќе бидеме спасени преку неговиот живот.+ 11 И не само тоа, туку Бог е нашата радост преку нашиот Господар Исус Христос, преку кого сега сме помирени со Бог.+

12 Затоа, како што преку еден човек+ гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта+ се прошири на сите луѓе, зашто сите згрешија...+ 13 Зашто, до Законот, гревот беше во светот, но никој не е обвинет за грев кога нема закон.+ 14 Сепак, смртта царуваше од Адам до Мојсеј+ и над оние што не направија грев сличен на престапот што го направи Адам,+ кој личи на оној што требаше да дојде.+

15 Но со дарот не е исто како што беше со престапот. Зашто, ако поради престапот на еден човек умреа мнозина, Божјата незаслужена доброта и неговиот дар — кој со незаслужената доброта е даден преку еден човек,+ Исус Христос — дарувани им се во изобилство на мнозина.+ 16 А со дарот+ не е исто како со последиците од гревот на еден човек.+ Зашто, пресудата+ што уследи поради еден престап, доведе до осуда,+ а дарот што уследи поради многу престапи, доведе до тоа мнозина да бидат прогласени за праведни.+ 17 Зашто, ако поради престапот на еден човек,+ смртта царуваше+ преку тој еден човек, колку повеќе оние што го примаат изобилството на незаслужената доброта+ и дарот+ на праведноста ќе живеат и ќе царуваат+ преку еден, Исус Христос.+

18 Затоа, значи, како што преку еден престап дојде осуда врз најразлични луѓе,+ така и преку еден чин на оправдување+ најразлични луѓе+ се прогласени за праведни и добиваат живот.+ 19 Зашто, како што преку непослушноста на еден човек мнозина+ станаа грешници, така и преку послушноста+ на еден мнозина+ ќе станат праведни.+ 20 А Законот+ дојде подоцна за да се покаже престапот уште појасно.+ Но каде што се покажа гревот,+ таму незаслужената доброта+ се покажа во уште поголема мера. 21 Зошто? За да може незаслужената доброта+ да царува преку праведноста, исто како што гревот царуваше заедно со смртта,+ за да можат луѓето да добијат вечен живот+ преку Исус Христос, нашиот Господар.

6 Според тоа, што да речеме? Дали ќе останеме во грев за да се покаже уште повеќе незаслужената доброта?+ 2 Никако! Поради тоа што умревме за гревот,+ како можеме и понатаму да живееме во него?+ 3 Или, зар не знаете дека сите ние што сме крстени во Христос Исус,+ крстени сме во неговата смрт?+ 4 Според тоа, со своето крштавање сме погребани+ со него во неговата смрт, за да живееме нов живот*+ исто како што Христос е воскреснат од мртвите преку славната моќ на Таткото.+ 5 Зашто, ако сме обединети со него во смрт слична на неговата,+ ќе бидеме обединети со него и во воскресение слично на неговото,+ 6 знаејќи дека нашата стара личност е заедно со него прикована на столб,+ за нашето грешно тело да изгуби власт над нас,+ за да не му робуваме повеќе на гревот.+ 7 Зашто, оној што умрел, ослободен е од својот грев.+

8 А ако сме умреле со Христос, веруваме дека и ќе живееме со него.+ 9 Зашто, знаеме дека Христос, откако стана од мртвите,+ повеќе не умира,+ смртта повеќе нема власт над него. 10 Зашто, со смртта со која умре, умре еднаш засекогаш за да го отстрани гревот,+ а со животот што го живее, живее за Бог.+ 11 Така и вие, сметајте се себеси за мртви+ за гревот, а живи+ за Бог преку Христос Исус.

12 Затоа, да не царува гревот+ во вашето смртно тело, па да ги слушате желбите на телото.+ 13 И не предавајте му ги деловите на своето тело на гревот,+ за да бидат оружје на неправдата,+ туку предајте му се себеси на Бог, како оживеани+ од мртвите, и деловите на своето тело предајте му ги на Бог, за да бидат оружје+ на правдата. 14 Зашто, гревот не смее да владее над вас, бидејќи не сте под закон,+ туку под незаслужена доброта.+

15 И што сега? Зар да грешиме затоа што не сме под закон,+ туку под незаслужена доброта?+ Никако! 16 Не знаете ли дека, ако му се предавате некому во ропство и се обврзувате на послушност, робови сте му на оној кого го слушате+ — било на гревот,+ кој води во смрт,+ било на послушноста,+ која води во праведност?+ 17 Но благодарен сум му на Бог што вие, иако му бевте робови на гревот, од срце ѝ станавте послушни на онаа поука на која ѝ бевте предадени.+ 18 Да, поради тоа што сте ослободени+ од гревот, станавте робови+ на праведноста.+ 19 Поради слабоста на вашето тело,+ ви зборувам со зборови што можат да ги разберат луѓе: како што деловите на своето тело+ им ги предадовте за робови на нечистотијата+ и на беззаконието, што води во беззаконие, така сега деловите на своето тело дајте ѝ ги за робови на праведноста, што води во светост.+ 20 Зашто, кога бевте робови на гревот,+ бевте слободни од праведноста.

21 Според тоа, каков плод+ донесувавте тогаш? Плод од којшто сега се срамите.+ Зашто, конечниот исход на тоа е смртта.+ 22 Но сега, кога сте ослободени од гревот и станавте робови Божји,+ плодот+ што го донесувате е светоста, која води во вечен живот.+ 23 Зашто, платата за гревот е смрт,+ а дарот+ што го дава Бог е вечен живот+ преку Христос Исус, нашиот Господар.*+

7 Зар не знаете, браќа — бидејќи им зборувам на оние што го познаваат законот — дека Законот е господар на човекот додека човекот е жив?+ 2 Така, омажената жена е врзана со закон за мажот додека тој е жив, а ако нејзиниот маж умре, ослободена е од законот на мажот.+ 3 Значи, додека нејзиниот маж е жив, ќе биде наречена прељубница ако му припадне на друг човек.+ Но, ако нејзиниот маж умре, слободна е од неговиот закон, па не е прељубница ако му припадне на друг човек.+

4 Така и вие, браќа мои, преку Христовото тело умревте за Законот,+ за да му припаднете на друг,+ на оној што стана од мртвите,+ за да донесуваме плод,+ кој е на слава на Бог. 5 Зашто, кога живеевме по телото,+ грешните страсти, кои ги побудуваше Законот, дејствуваа во нашите делови на телото за да донесуваме плод кој води во смрт.+ 6 А сега сме ослободени од Законот,+ бидејќи сме мртви+ за она што нѐ спречуваше, за да бидеме робови+ на нов начин, преку духот,+ а не на стариот начин, преку пишаниот закон.+

7 Тогаш, што да речеме? Дали Законот е грев?+ Никако! Но јас никогаш не би сфатил што е грев+ да не беше Законот. И не би сфатил што е страсна желба+ да не речеше Законот: „Не посакувај!“+ 8 А гревот, откако најде упориште во заповедта,+ предизвика во мене секаква страсна желба, зашто, без закон, гревот беше мртов.+ 9 Всушност, јас бев жив додека немаше закон,+ но кога стигна заповедта,+ гревот оживеа, а јас умрев.+ 10 И увидов дека заповедта, која требаше да води во живот,+ води во смрт.+ 11 Зашто гревот, откако најде упориште во заповедта, ме заведе+ и ме уби преку неа. 12 Сепак, Законот е свет+ и заповедта е света, и праведна,+ и добра.+

13 Тогаш, дали она што е добро стана смрт за мене? Никако! Но гревот стана, за да се покаже како грев кој, преку она што е добро, ми предизвикува смрт,+ за гревот преку заповедта да стане грешен уште многу повеќе.+ 14 Всушност, знаеме дека Законот е духовен,+ а јас сум телесен, продаден во ропството на гревот.+ 15 Зашто, не разбирам што правам. Всушност, не го правам она што го сакам, туку она што го мразам, тоа го правам. 16 А ако го правам она што не го сакам,+ се согласувам дека Законот е добар.+ 17 Но тогаш тоа не го правам повеќе јас, туку гревот кој живее во мене.+ 18 Зашто, знам дека во мене, односно во моето тело, не живее ништо добро.+ Всушност, способен сум да го сакам она што е добро,+ но не и да го правам она што е добро.+ 19 Зашто, доброто што го сакам, не го правам,+ туку злото што не го сакам, тоа го правам. 20 А ако го правам она што не го сакам, тогаш тоа не го правам повеќе јас, туку гревот кој живее во мене.+

21 Значи, го наоѓам во себе овој закон: кога сакам да го правам она што е добро,+ злото е во мене.+ 22 Според својот внатрешен човек+ навистина уживам во Божјиот закон,+ 23 но во своите делови на телото+ гледам друг закон, кој војува+ против законот на мојот ум+ и ме заробува со законот на гревот,+ кој е во моите делови на телото. 24 Беден човек сум јас! Кој ќе ме избави од телото, кое ме води во таква смрт?+ 25 Му благодарам на Бог преку Исус Христос, нашиот Господар!+ Според тоа, јас со умот му робувам на Божјиот закон,+ а со телото на законот на гревот.+

8 Затоа, за оние што се во единство со Христос Исус нема осуда.+ 2 Зашто, законот+ на тој дух,+ кој дава живот+ во единство со Христос Исус, те ослободи+ од законот на гревот и смртта.+ 3 Всушност, поради тоа што Законот беше немоќен,+ бидејќи беше слаб+ поради телото, Бог, со тоа што го испрати својот Син+ во облик сличен на грешното тело+ за да го отстрани гревот,+ го осуди гревот во телото, 4 за праведните барања на Законот да се исполнат+ на нас кои не живееме* според телото, туку според духот.+ 5 Зашто, оние што живеат според телото, размислуваат за она што му е својствено на телото,+ а оние што живеат според духот, за она што му е својствено на духот.+ 6 Зашто, размислувањето својствено за телото донесува смрт,+ а размислувањето својствено за духот+ донесува живот и мир. 7 Зашто, размислувањето својствено за телото донесува непријателство со Бог,+ бидејќи телото не му се покорува на Божјиот закон,+ а и не може. 8 Затоа оние што живеат според телото,+ не можат да му угодат на Бог.

9 Но вие не живеете според телото, туку според духот,+ ако Божјиот дух навистина живее во вас.+ Но, ако некој нема Христов дух,+ тој не е Христов. 10 А ако е Христос во единство со вас,+ телото навистина ви е мртво поради гревот, но духот ви донесува живот+ поради праведноста. 11 А ако духот на оној што го подигна Исус од мртвите живее во вас, оној што го подигна Христос Исус од мртвите+ ќе ги оживее и вашите смртни тела+ со својот дух, кој живее во вас.

12 Според тоа, браќа, должници сме, но не на телото за да живееме според телото.+ 13 Зашто, ако живеете според телото, ќе умрете,+ но ако преку духот ги усмртите делата на телото,+ ќе живеете. 14 А сите што се водени од Божјиот дух се синови Божји.+ 15 И вие не примивте дух на ропството, за повторно да се плашите,+ туку примивте дух+ на посинувањето,+ кој нѐ поттикнува да викаме: „Ава,*+ Татко!“ 16 Тој дух+ сведочи+ со нашиот дух+ дека сме деца Божји.+ 17 А ако сме деца, тогаш сме и наследници — наследници Божји, а сонаследници+ Христови, ако страдаме+ заедно со него, заедно со него да бидеме и прославени.+

18 Затоа, сметам дека страдањата+ на сегашново време не се ништо во споредба со славата+ што ќе се објави врз нас. 19 Зашто, созданието+ желно го исчекува+ објавувањето на Божјите синови.+ 20 Созданието е подложено на ништожност+ — не по своја волја, туку преку оној што го подложи — но притоа е дадена и надеж+ 21 дека и самото создание+ ќе биде ослободено+ од робувањето на распадливоста и дека ќе ја добие славната слобода на Божјите деца. 22 Зашто, знаеме дека целото создание заедно воздивнува и дека е во болка сѐ досега. 23 И не само тоа, туку и ние, кои ја имаме првината,+ имено духот, и ние воздивнуваме+ во себе, желно исчекувајќи го посинувањето,+ ослободувањето од своето тело преку откупнината. 24 Зашто, во таа надеж сме спасени.+ Но надеж која се гледа, не е надеж, зашто кога човек нешто гледа, дали се надева на тоа? 25 Но ако се надеваме+ на она што не го гледаме,+ тоа истрајно го очекуваме.+

26 Така и духот+ ни доаѓа на помош во нашата слабост.+ Зашто, не знаеме за што да молиме кога треба да се молиме,+ но самиот дух се зазема за нас+ кога во молитва не можеме ни да ги искажеме своите воздишки. 27 А оној што ги истражува срцата+ знае на што укажува духот,+ бидејќи духот, по Божја волја, се зазема за светите.+

28 А знаеме дека Бог прави сите негови дела+ сложно да придонесуваат за доброто на оние што го сакаат, оние што се повикани според неговата намера.+ 29 Бидејќи оние на кои најпрво им обрна внимание,+ нив и однапред ги одреди+ да бидат обликувани+ според ликот+ на неговиот Син, за тој да биде првородениот+ меѓу многу браќа.+ 30 А оние што однапред ги одреди,+ нив и ги повика;+ оние што ги повика, нив и ги прогласи за праведни;+ а оние што ги прогласи за праведни, нив и ги прослави.+

31 Тогаш, што да речеме за тоа? Ако Бог е за нас, кој ќе биде против нас?+ 32 Зар тој што не го поштеди ни сопствениот Син,+ туку го предаде за сите нас,+ нема со него да ни подари и сѐ друго?+ 33 Кој ќе ги обвини Божјите избраници?+ Бог е оној што ги прогласува за праведни.+ 34 Кој ќе ги осуди? Христос Исус умре, дури и стана од мртвите, тој е од десната страна на Бог+ — тој и се зазема за нас.+

35 Кој ќе нѐ одвои од Христовата љубов?+ Дали неволја, или мака, или прогонство, или глад, или голотија, или опасност, или меч?+ 36 Како што е напишано: „Поради тебе постојано нѐ убиваат, нѐ сметаат за овци за колење“.+ 37 Но во сето тоа надмоќно победуваме+ преку оној што нѐ сакаше. 38 Зашто, уверен сум дека ни смртта, ни животот,+ ни ангелите,+ ни властите,+ ни ова што е сега, ни она што ќе дојде, ни силите,+ 39 ни височината, ни длабочината, ниту кое и да е друго создание не може да нѐ одвои од Божјата љубов, која е во Христос Исус, нашиот Господар.+

9 Вистината ја зборувам+ во Христос, не лажам,+ зашто мојата совест сведочи со мене во согласност со светиот дух, 2 дека имам голема тага и непрестајна болка во срцето.+ 3 Зашто, би сакал јас лично да бидам проколнат и одвоен од Христос во корист на своите браќа,+ кои ми се роднини по тело.+ 4 Тие се Израелци+ и нив Бог ги посини+ и нивни се и славата,+ и сојузите,+ и Законот,+ и службата на Бог,*+ и ветувањата.+ 5 Нивни се и прататковците,+ и од нив потекна Христос по тело.+ Бог, кој е над сѐ,+ нека е благословен во сета вечност! Амин.

6 Но, тоа не значи дека Божјата реч затаила.+ Зашто, не се „Израел“ сите што потекнуваат од Израел.+ 7 И не се сите Авраамови деца само затоа што се негово потомство,+ туку како што пишува: „Она што ќе се нарече ‚твое потомство‘ ќе дојде преку Исак“.+ 8 Односно, децата добиени по тело+ не се истовремено и Божји деца,+ туку децата добиени преку ветувањето+ се сметаат за потомство. 9 Зашто, ветувањето гласеше вака: „Ќе дојдам догодина во ова време и Сара ќе има син“.+ 10 Но ветувањето не беше дадено само тогаш туку и кога Ревека зачна близнаци+ од еден човек, од нашиот прататко Исак. 11 Всушност, уште додека не беа родени и немаа направено ниту добро ниту зло+ — за, во поглед на изборот, Божјата намера и понатаму да зависи од оној што повикува, а не од делата+ — 12 ѝ беше речено: „Постариот ќе му робува на помладиот“.+ 13 Како што е напишано: „Јаков го сакав, а Исав го замразив“.+

14 Тогаш, што да речеме? Има ли кај Бог неправда?+ Никако! 15 Зашто, на Мојсеј му вели: „Ќе му се смилувам на оној на кого сакам да му се смилувам и ќе бидам милостив кон оној кон кого сакам да бидам милостив“.+ 16 Значи, тоа не зависи од оној што има желба, ниту од оној што се труди, туку од Бог,+ кој покажува милосрдие.+ 17 Зашто, за фараонот Писмото вели: „Те оставив жив за да ја покажам на тебе својата моќ и да се објави моето име по целата земја“.+ 18 Според тоа, кон некои покажува милосрдие, зашто така сака,+ а некои ги пушта да бидат тврдокорни, зашто така сака.+

19 Тогаш ќе ми речеш: „Зошто тогаш Бог ги обвинува луѓето? Па, кој може да ѝ се спротивстави на неговата волја?“+ 20 Човеку,+ кој си ти да му приговараш на Бог?+ Зарем делото ќе му рече на својот творец: „Зошто ме направи вакво?“+ 21 Зар грнчарот+ нема власт над глината да направи од истата глина еден сад за благородна употреба, а друг за неблагородна употреба?+ 22 Тогаш, ако Бог, иако сакаше да покаже гнев и да ја разгласи својата моќ, со многу долготрпеливост ги поднесуваше садовите на гневот, кои се подготвени за уништување,+ 23 за да го разгласи богатството+ на својата слава врз садовите+ на милосрдноста, кои однапред ги подготви за слава,+ 24 односно врз нас, кои нѐ повика не само од Евреите туку и од незнабошците?+ 25 Така вели и во Осија: „Оние што не се мој народ+ ќе ги викам ‚мој народ‘ и нељубената — ‚љубена‘.+ 26 И на местото каде што им беше речено: ‚Вие не сте мој народ‘, таму ќе бидат наречени ‚синови на живиот Бог‘ “.+

27 А Исаија извикува за Израел: „Да ги има Израеловите синови и колку морскиот песок,+ ќе се спаси само еден остаток.+ 28 Зашто, Јехова потполно и брзо ќе се пресмета со оние што живеат на земјата“.+ 29 И како што Исаија прорече: „Да не ни оставеше Јехова над војските+ потомство, ќе бевме како Содом, ќе бевме слични на Гомор“.+

30 Тогаш, што да кажеме? Дека незнабошците, иако не бараат праведност, постигнаа праведност,+ праведност која произлегува од вера.+ 31 А Израел, иако го бараше законот на праведноста, не успеа да ја постигне целта на тој закон.+ 32 Зошто? Затоа што не го бараше со вера, туку со дела.+ Се спрепнаа од „каменот за спрепнување“,+ 33 како што е напишано: „Гледај, поставувам на Сион камен+ за спрепнување и карпа за слизнување,+ но никој што верува во него нема да се разочара“.+

10 Браќа, желбата на моето срце и мојата сесрдна молитва до Бог за нив е да се спасат.+ 2 Зашто, сведочам за нив дека ревносно се трудат+ да му угодат на Бог, но не знаат точно* што е неговата волја.+ 3 Зашто, поради тоа што не ја познаваат Божјата праведност,+ туку настојуваат да ја воспостават својата,+ не се подложија на Божјата праведност.+ 4 Зашто, Христос е завршетокот на Законот,+ за да стекне праведност секој што верува.+

5 А Мојсеј пишува дека човек кој ги извршува праведните барања на Законот ќе живее поради својата праведност.+ 6 А за праведноста која произлегува од верата, вака е речено: „Немој да велиш во своето срце:+ ‚Кој ќе се качи на небото?‘+ — односно да го доведе Христос+ долу. 7 Или: ‚Кој ќе слезе во бездната?‘+ — односно да го изведе Христос од мртвите“.+ 8 Туку што вели Писмото? „Речта е близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце“.+ Таа „реч“+ е порака на верата што ја проповедаме.+ 9 Зашто, ако со својата уста ја објавуваш таа „реч“+ — дека Исус е Господар*+ — и ако во своето срце веруваш дека Бог го подигна од мртвите,+ ќе бидеш спасен.+ 10 Зашто, со срцето+ се верува, и така се постигнува праведност, а со устата се објавува+ верата, и така се постигнува спасение.

11 Зашто, Писмото вели: „Никој што верува во него+ нема да се разочара“.+ 12 Зашто, нема разлика помеѓу Евреин и Грк,+ бидејќи над сите е истиот Господар, кој изобилно им дава од своето богатство+ на сите што го повикуваат. 13 Зашто, „секој што го повикува името на Јехова, ќе биде спасен“.+ 14 Но како ќе го повикаат оној во кого не поверувале?+ А како ќе поверуваат во оној за кого не чуле? А како ќе чујат ако никој не проповеда?+ 15 А како ќе проповедаат ако не бидат испратени?+ Како што е напишано: „Колку се убави нозете на оние што објавуваат добра вест за она што е добро!“+

16 Сепак, сите не ја прифатија добрата вест.+ Зашто, Исаија вели: „Јехова, кој поверува во она што го слушна од нас?“+ 17 Според тоа, верата се стекнува од слушање на пораката,+ а пораката се шири кога се зборува за Христос.+ 18 А јас прашувам: зар не чуја? Напротив, „нивниот глас отиде по целата земја+ и нивните зборови до крајот на светот“.*+ 19 А јас прашувам: зар Израел не сфати?+ Најпрво Мојсеј вели: „Ќе ја предизвикам вашата љубомора преку она што не е народ, ќе го предизвикам вашиот гнев преку безумен народ“.+ 20 А Исаија смело вели: „Ме најдоа оние што не ме бараа,+ им се објавив на оние што не прашуваа за мене“.+ 21 А за Израел вели: „Цел ден ги протегам рацете свои кон народ кој е непослушен+ и кој дрско одговара“.+

11 Затоа прашувам: зарем Бог го отфрли својот народ?+ Никако! Зашто, и јас сум Израелец,+ од потомството на Авраам, од племето на Венијамин.+ 2 Бог не го отфрли својот народ, кому прво му посвети внимание.+ Или зар не знаете што вели Писмото за Илија, како му се жалеше на Бог од Израел?+ 3 „Јехова, ги убија твоите пророци, ги раскопаа твоите жртвеници. Останав само јас, а и мојата душа ја бараат.“+ 4 Но што му рече Бог?+ „Си оставив седум илјади луѓе, кои не го свиткаа коленото пред Ваал.“+ 5 Според тоа, така и во сегашно време се појави остаток+ избран+ со незаслужена доброта. 6 А ако тоа се случило со незаслужена доброта,+ тогаш тоа не е повеќе преку дела,+ инаку незаслужената доброта повеќе не е незаслужена.+

7 Тогаш, што да речеме? Израел не го доби она што горливо го бара,+ но избраните+ го добија. А на останатите им отврдна срцето,+ 8 како што е напишано: „Бог им даде дух на длабок сон,+ очи за да не видат и уши за да не чујат, сѐ до денешен ден“.+ 9 И Давид вели: „Нивната трпеза* нека им стане стапица, и замка, и камен за спрепнување, и плата!+ 10 Очите нека им потемнат, за да не гледаат, и секогаш виткај им ги плеќите!“+

11 Затоа прашувам: дали се спрепнаа и паднаа?+ Никако! Туку, поради нивниот погрешен чекор+ доаѓа спасение за луѓето од другите народи,*+ за да се предизвика љубомората на народот на Израел.+ 12 А ако нивниот погрешен чекор е богатство за светот и ако нивното намалување е богатство за луѓето од другите народи,+ колку повеќе ќе биде нивниот целосен број!+

13 А сега ви зборувам вам кои сте од другите народи. Поради тоа што сум апостол+ испратен кај другите народи,+ ја величам+ својата служба+ 14 за да можам некако да ја предизвикам љубомората на оние што се мое тело и да спасам+ некои од нив.+ 15 Зашто, ако нивното отфрлање+ е помирување+ за светот, што ли ќе биде тогаш нивното прифаќање, ако не премин од смрт во живот? 16 Ако првините од тестото+ се свети, свето е и целото тесто. И ако коренот е свет,+ свети се и гранките.

17 Но, ако некои гранки се откршени, а ти, кој си дива маслинка, си накалемен меѓу преостанатите,+ па имаш удел во благословите што ги дава коренот на маслинката,+ 18 немој да се вознесуваш над гранките. А ако се вознесуваш над нив,+ сети се: не го носиш ти коренот,+ туку коренот тебе.+ 19 Тогаш ќе речеш: „Гранките се откршени+ за јас да бидам накалемен“.+ 20 Добро! Тие се откршени бидејќи немаа вера,+ а ти стоиш поради верата.+ Престани да мислиш високо за себе,+ туку плаши се!+ 21 Зашто, ако Бог не ги поштеди природните гранки, нема да те поштеди ни тебе.+ 22 Затоа, погледни ја Божјата добрина+ и строгост+ — строгост кон оние што паднаа,+ а Божја добрина кон тебе, доколку останеш+ во неговата добрина. Во спротивно, и ти ќе бидеш отсечен.+ 23 А и тие, ако не истраат во своето неверување, ќе бидат накалемени,+ оти Бог може повторно да ги накалеми. 24 Зашто, ако си ти отсечен од маслинка која по својата природа е дива и, спротивно на природата, си накалемен+ на питома маслинка, колку полесно ќе бидат накалемени на сопствената маслинка овие што се природни гранки!+

25 Не сакам, браќа, да бидете во незнаење во поглед на светата тајна,+ за да не се сметате самите себе за разборити: на некои од Израел им отврдна срцето+ додека не влезат целосниот број+ луѓе од другите народи.*+ 26 И така ќе биде спасен целиот Израел.+ Како што е напишано: „Избавителот ќе дојде од Сион+ и ќе ги одврати безбожните дела од Јаков.+ 27 И ова е сојузот што ќе го склучам со нив,+ кога ќе ги отстранам нивните гревови“.+ 28 Вистина, во поглед на добрата вест, тие се непријатели, за ваше добро,+ но во поглед на Божјиот избор, тие се сакани поради своите прататковци.+ 29 А Бог нема да зажали+ поради своите дарови и позив. 30 Зашто, како што вие некогаш му бевте непослушни+ на Бог, па сега ви е покажано милосрдие+ поради нивната непослушност,+ 31 така и тие сега се непослушни, па затоа вам ви е покажано милосрдие,+ за и ним сега да им биде покажано милосрдие. 32 Зашто, Бог ги затвори сите луѓе во непослушност,+ за да им покаже милосрдие на сите.+

33 О длабочино на Божјето богатство,+ мудрост+ и знаење!+ Колку се неистражливи неговите судови+ и несфатливи неговите патишта! 34 Зашто, „кој го запознал Јеховиниот ум,+ и кој му е советник“?+ 35 Или: „Кој прв му дал нешто, па тој да треба да му возврати?“+ 36 Зашто, сѐ е од него и преку него и за него.+ Нему нека му е славата во сета вечност!+ Амин.

12 Затоа, браќа, сесрдно ве молам, поради Божјата сомилост, да ги дадете своите тела+ како жртва+ жива,+ света,+ прифатлива за Бог,+ да му служите на Бог,*+ користејќи го својот разум.+ 2 И не дозволувајте и понатаму да ве обликува+ овој свет,* туку преобразете се така што ќе го обновите својот ум,+ за да утврдите+ која е Божјата волја+ — што е добро, прифатливо и совршено.

3 Всушност, преку незаслужената доброта, која ми е покажана, му велам на секој меѓу вас да не мисли за себе повеќе отколку што треба да мисли,+ туку да мисли за себе разумно,+ секој според верата што му ја дал Бог.+ 4 Зашто, како што во едно тело имаме многу делови,+ но сите делови на телото немаат иста улога, 5 така и ние, иако сме многу, едно тело сме+ во единство со Христос, а како поединци сме едни на други делови на телото.+ 6 Значи, имаме различни дарови,+ зависно од незаслужената доброта+ која ни е покажана: ако е тоа пророкување, да пророкуваме соодветно на верата што ни е дадена; 7 ако е тоа служење, да ја извршуваме таа служба;+ ако некој поучува,+ нека се посвети на поучувањето;+ 8 ако некој советува, нека му се посвети на советувањето;+ кој дели, нека го прави тоа дарежливо;+ кој предводи,+ нека го прави тоа ревносно; кој покажува милосрдие,+ нека го прави тоа радосно.

9 Вашата љубов+ нека не биде лицемерна.+ Мразете го злото,+ држете се за доброто.+ 10 Со братска љубов+ сакајте се срдечно еден со друг. Предводете во искажувањето почит+ еден кон друг. 11 Во работата не бидете мрзливи.+ Духот нека ве поттикнува на ревност.+ Робувајте му на Јехова.+ 12 Радувајте се во надежта.+ Стрпливо поднесувајте неволја.+ Истрајте во молитвата.+ 13 Делете со светите според нивните потреби.+ Бидете гостољубиви.+ 14 Благословувајте ги прогонителите+ — благословувајте,+ а не колнете.+ 15 Радувајте се со оние што се радуваат,+ плачете со оние што плачат. 16 За другите мислете онака како што мислите и за себе.+ Не мислете високо за себе,+ туку нека ве привлекува она што е понизно.+ Немојте самите себе да се сметате за разборити.+

17 Никому не враќајте зло за зло.+ Правете го она што сите луѓе го сметаат за добро. 18 Ако е можно, колку што зависи од вас, бидете во мир+ со сите луѓе. 19 Не одмаздувајте се,+ сакани, туку дајте му место на Божјиот гнев,+ зашто е напишано: „Одмаздата е моја, јас ќе вратам, вели Јехова“.+ 20 Напротив, „ако твојот непријател е гладен, нахрани го, ако е жеден, напој го,+ зашто, правејќи така, му натрупуваш жив жар врз главата“.+ 21 Не дозволувај да те надвладее злото, туку надвладеј го злото со добро!+

13 Секој човек* нека им биде подложен+ на властите+ што се над него, зашто нема власт+ која не е од Бог.+ Секоја власт што постои, Бог ја поставил+ на нејзината положба.*+ 2 Затоа, оној што ѝ се спротивставува на власта, се противи на Божјето уредување, а оние што му се противат, ќе си навлечат осуда.+ 3 Зашто, од оние што владеат не треба да се плашиш кога правиш добро, туку кога правиш зло.+ Тогаш, ако не сакаш да се плашиш од власта, прави добро,+ па ќе добиеш пофалба од неа. 4 Зашто, таа е за тебе Божји слуга — за твое добро.+ Но ако правиш зло,+ плаши се, зашто таа не носи меч без причина. Всушност, таа му е слуга на Бог, одмаздник+ кој го истура неговиот гнев над оној што прави зло.

5 Затоа морате да бидете подложни, не само поради Божјиот гнев туку и поради својата совест.+ 6 Затоа плаќате и даноци. Всушност, властите се Божји слуги*+ кои го извршуваат она за кое се поставени. 7 Давајте му го секому она што му припаѓа: на оној кој бара данок — данок,+ кој бара давачка — давачка, кој бара страв — страв,+ кој бара чест — чест.+

8 Не должете никому ништо,+ освен да се сакате еден со друг.+ Зашто, оној што го сака ближниот, го исполнил Законот.+ 9 Зашто, заповедите од Законот: „Не врши прељуба“,+ „Не убивај“,+ „Не кради“,+ „Не посакувај“,+ и ако има уште некоја заповед, се содржани во овие зборови: „Сакај го својот ближен како самиот себе!“+ 10 Љубовта+ не му прави зло на ближниот.+ Според тоа, љубовта е исполнување на Законот.+

11 Постапувајте така и поради тоа што знаете кое време е, дека веќе ви дошол часот да се разбудите,+ зашто спасението сега ни е поблиску отколку кога станавме верници.+ 12 Ноќта поодмина, денот+ се приближи. Затоа, да ги соблечеме делата на темнината+ и да го облечеме оружјето+ на светлината. 13 Да живееме* пристојно,+ како по ден — без разуздани гозби и пијанки,+ без блудствување и бесрамни дела,+ без караници+ и љубомора. 14 Напротив, облечете се во Господарот Исус Христос+ и не размислувајте за тоа како да ги задоволите желбите на телото.+

14 Примете го оној што е незрел+ во верата, но не за да ги проценувате недоумиците што се јавуваат во мислите.+ 2 Некој верува дека смее да јаде сѐ,+ а оној што е незрел јаде само зеленчук. 3 Оној што јаде, нека не го презира оној што не јаде,+ а тој што не јаде, нека не го осудува оној што јаде, зашто Бог го примил. 4 Кој си ти да го осудуваш туѓиот слуга?+ Неговиот господар одлучува дали тој ќе стои или ќе падне.+ А ќе стои, зашто Јехова може да го поддржи.+

5 Некој смета дека едниот ден е поважен од другиот,+ а друг смета дека сите денови се исти.+ Секој нека биде сосема уверен во своето мислење. 6 Кој мисли дека некој ден е посебен, така мисли поради Јехова. И кој јаде, јаде поради Јехова,+ зашто му благодари на Бог,+ а кој не јаде, не јаде поради Јехова,+ и исто така му благодари на Бог.+ 7 Зашто, никој од нас не живее само за себе+ и никој не умира само за себе. 8 Зашто, ако живееме, живееме за Јехова,+ и ако умираме, умираме за Јехова.+ Според тоа, било да живееме било да умираме, на Јехова му припаѓаме.+ 9 Всушност, Христос затоа умре и оживеа,+ за да им биде Господар и на мртвите+ и на живите.+

10 А ти, зошто го осудуваш својот брат?+ Или, зошто го презираш својот брат? Зашто, сите ќе застанеме пред Божјата судиска столица.+ 11 Зашто, напишано е: „,Како што сум жив јас,‘ вели Јехова,+ ‚секое колено ќе се свитка пред мене и секој јазик јавно ќе го признае Бог‘ “.+ 12 Според тоа, секој од нас ќе положи сметка за себе пред Бог.+

13 Затоа повеќе да не се осудуваме+ еден со друг, туку подобро решете+ да не ставате пред братот+ нешто поради кое би можел да се спрепне+ или да се сопне. 14 Знам и уверен сум во Господарот Исус дека ништо не е нечисто само по себе.+ Освен ако некој смета нешто за нечисто, нему тоа му е нечисто.+ 15 А ако твојот брат е нажален поради храна, ти повеќе не постапуваш* според љубовта.+ Немој со својата храна да го упропастуваш оној за кого Христос умрел!+ 16 Затоа, не дозволувајте да се зборува лошо за вашите добри дела. 17 Зашто, царството Божје+ не е јадење и пиење,+ туку праведност+ и мир+ и радост+ преку светиот дух. 18 Зашто, оној што така му робува на Христос, прифатлив е за Бог и го ценат луѓето.+

19 Затоа, да се стремиме кон она што придонесува за мир+ и меѓусебно да се изградуваме.+ 20 Не уривајте го Божјето дело поради јадење!+ Вистина, сѐ е чисто, но штетно е ако некој јаде и со тоа предизвикува спрепнување.+ 21 Добро е да не се јаде месо и да не се пие вино и да не се прави ништо од кое твојот брат би можел да се спрепне.+ 22 Уверувањето што го имаш, задржи го за себе пред Бог.+ Среќен е оној што не се осудува самиот себе поради она што одлучил да го направи. 23 Но, ако се сомнева, веќе е осуден ако јаде,+ бидејќи не јаде од уверување. А сѐ што не е од уверување, грев е.+

15 А ние силните мораме да ги носиме слабостите на оние што не се силни,+ а не да си угодуваме себеси.+ 2 Секој од нас нека му угодува на својот ближен во она што е добро за изградување.+ 3 Зашто, ниту Христос не си угодуваше себеси,+ туку, како што е напишано: „Подбивите на оние што ти се подбиваа тебе, паднаа на мене“.+ 4 А сѐ што беше некогаш напишано, напишано е+ за наша поука,+ за преку својата истрајност+ и преку утехата+ од Писмата да имаме надеж.+ 5 А Бог, кој дава истрајност и утеха, нека ви овозможи во однесувањето еден кон друг да размислувате како Христос Исус,+ 6 за да го славите Богот и Таткото на нашиот Господар Исус Христос еднодушно,+ со една уста.

7 Затоа, примајте се еден со друг,+ како што и Христос нѐ прими нас,+ на Божја слава. 8 Зашто, велам дека Христос им стана слуга+ на обрежаните+ за да ја потврди Божјата вистинољубивост+ и веродостојноста на ветувањата,+ кои Бог им ги даде на нивните прататковци, 9 и за да можат народите*+ да го слават Бог поради неговото милосрдие.+ Како што е напишано: „Затоа, јавно те признавам меѓу народите и со песна го славам твоето име“.+ 10 И уште вели: „Веселете се, народи, со неговиот народ!“+ 11 И уште: „Фалете го Јехова, сите народи, фалете го, сите племиња!“+ 12 А Исаија вели: „Ќе се појави коренот на Јесеј,+ ќе стане за да владее со народите.+ На него ќе се надеваат народите“.+ 13 Бог, кој дава надеж, нека ве исполни со секоја радост и мир затоа што верувате, за да обилувате со надеж преку силата на светиот дух.+

14 А јас и самиот сум уверен за вас, браќа мои, дека и вие сте полни со доброта, исполнети со сето потребно знаење+ и дека можете да се опоменувате еден со друг.+ 15 Сепак, за некои работи ви пишувам поотворено, за да ве потсетам+ на нив, поради незаслужената доброта што ми ја покажа Бог+ 16 за да го вршам светото дело на проповедање на Божјата добра вест+ како слуга* на Христос Исус меѓу другите народи,+ за тие народи да му бидат принесени на Бог како пријатен принос,+ посветен со светиот дух.+

17 Затоа можам да се фалам во Христос Исус+ во поглед на својата света служба за Бог.+ 18 Зашто, не се осмелувам да зборувам за ништо друго, освен за она што Христос го направи преку мене,+ за да бидат послушни народите.+ Тоа го направи преку мојот збор+ и преку моето дело, 19 со силата на чуда и предзнаци,+ со силата на светиот дух, така што од Ерусалим, па околу-наоколу+ сѐ до Илирик, темелно ја проповедав добрата вест за Христос.+ 20 И така решив да не ја објавувам добрата вест таму каде што Христос веќе бил спомнуван, за да не градам на темел што го положил некој друг,+ 21 туку, како што е напишано: „Оние на кои уште не им е навестен, ќе видат, и оние што уште не чуле, ќе разберат“.+

22 Затоа и многупати бев спречуван да дојдам кај вас.+ 23 Но бидејќи сега во овие краишта повеќе нема подрачје каде што уште не се проповедало, а веќе неколку години копнеам да дојдам кај вас,+ 24 навистина се надевам дека ќе ве видам на поминување, кога ќе тргнам за Шпанија,+ и дека ќе ме испратите таму,+ откако најпрвин донекаде ќе се науживам во вашето друштво. 25 А сега одам во Ерусалим за да им помогнам* на светите.+ 26 Зашто, оние во Македонија* и Ахаја*+ со радост собраа помош+ за светите во Ерусалим, кои се сиромашни. 27 Вистина, тие со радост го направија тоа, а им беа и должници. Зашто, ако народите добија удел во нивните духовни добра,+ тогаш се и должни да им служат во нивните телесни потреби.+ 28 Според тоа, кога ќе го завршам тоа и кога уредно ќе им го предадам овој плод,+ ќе се упатам кон Шпанија и патем ќе дојдам кај вас.+ 29 А знам дека, кога ќе дојдам кај вас, ќе дојдам со обилен Христов благослов.+

30 А ве заколнувам, браќа, преку нашиот Господар Исус Христос и преку љубовта што потекнува од духот,+ заедно со мене горливо да му се молите на Бог за мене,+ 31 за да бидам избавен+ од неверниците во Јудеја и помошта што ја носам во Ерусалим*+ да им биде прифатлива на светите,+ 32 па со Божја волја радосно да дојдам кај вас и да се поткрепам+ заедно со вас. 33 Бог, кој дава мир, нека биде со сите вас!+ Амин.

16 Ви ја препорачувам Фива, нашата сестра, која служи+ во собранието* во Кенхреја:+ 2 примете+ ја во Господарот,* како што им прилега на светите, и помогнете ѝ во сѐ што ќе ѝ затреба од вас,+ зашто и таа им беше заштитничка на мнозина, па и мене.

3 Поздравете ги Приска и Акила,+ моите соработници+ во Христос Исус, 4 кои го изложија на опасност+ својот живот поради мене.* Ним сум им благодарен+ не само јас туку и сите собранија од другите народи. 5 Поздравете го и собранието во нивната куќа.+ Поздравете го мојот сакан Епенет, кој меѓу првите+ во Азија* стана Христов следбеник.* 6 Поздравете ја Марија, која многу се трудеше за вас. 7 Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите роднини+ и мои затворски другари,+ кои уживаат углед меѓу апостолите и кои се Христови следбеници подолго од мене.

8 Поздравете го+ Амплијат, мојот сакан брат во Господарот. 9 Поздравете го Урбан, нашиот соработник во Христос, и мојот сакан Стахиј. 10 Поздравете го+ Апел, испитаниот во Христос. Поздравете ги домашните на Аристовул. 11 Поздравете го Иродион, мојот роднина.+ Поздравете ги домашните на Нарцис, кои се во Господарот.+ 12 Поздравете ги Трифена и Трифоса, кои се трудат во Господарот. Поздравете ја Персида, нашата сакана сестра, зашто многу се трудеше во Господарот. 13 Поздравете го Руф, избраникот во Господарот, и неговата и моја мајка. 14 Поздравете ги Асинкрит, Флегонт, Хермес, Патров, Ерма и браќата што се со нив. 15 Поздравете ги Филолог и Јулија, Ниреј и неговата сестра, и Олимп и сите свети што се со нив.+ 16 Поздравете се еден со друг со свет бакнеж.+ Ве поздравуваат сите Христови собранија.

17 Ве молам, браќа, бидете претпазливи поради оние што создаваат поделби+ и ги наведуваат другите да се спрепнуваат во верата, спротивно на учењето+ за кое сте поучени, и избегнувајте ги!+ 18 Зашто, таквите не му робуваат на нашиот Господар Христос, туку на желбите на своето тело,*+ па со слатки+ и ласкави зборови+ ги заведуваат срцата на простодушните. 19 Вистина, за вашата послушност дознаа сите.+ Затоа се радувам поради вас. Но сакам да бидете мудри+ во поглед на она што е добро, а невини+ во поглед на она што е зло.+ 20 А Бог, кој дава мир,+ наскоро ќе го сотре Сатана+ под вашите нозе. Незаслужената доброта на нашиот Господар Исус нека биде со вас!+

21 Ве поздравуваат Тимотеј, мојот соработник, и Луциј и Јасон и Сосипатер, моите роднини.+

22 Ве поздравувам во Господарот јас, Терциј, кој го напиша ова писмо.

23 Ве поздравува Гај,+ кој ми беше домаќин мене и на целото собрание. Ве поздравуваат Ераст, градскиот+ благајник, и Кварт, неговиот брат. 24 * ——

25 А на Бог+ — кој може да ве зацврсти според добрата вест што ја објавувам и според проповедањето за Исус Христос, според откривањето на светата тајна+ која долго време беше скриена, 26 а сега се објави+ и се прогласи преку пророчките Писма меѓу сите народи, според заповедта на вечниот Бог, за да стекнат вера и да му бидат послушни+ — 27 нему, единствениот мудар,+ нека му биде славата+ преку Исус Христос+ во сета вечност! Амин.

Види го додатокот 11.

Или: „примив“. Павле го заменува првото лице (јас) со множина.

Или: „кому му вршам света служба“.

Буквално: „со својот дух“.

„Останатите народи“ — буквално: „варварите“.

Буквално: „се открива“.

Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.

Изразот „добро да го запознаат“ е превод на грчкиот збор епи́гноси, кој, како и глаголот епигино́ско, е засилен облик на поимот „знаење“, односно „знае“, и може да се изрази со поимите како што се: „точно, потполно, добро, темелно знаење (знае)“.

Или: „немаат љубов кон членовите на семејството“.

Буквално: „промена на умот (на начинот на размислување)“.

Буквално: „секоја човечка душа“.

Буквално: „усно поучен“.

Определениот член што е употребен во грчкиот оригинален текст, како и контекстот покажуваат во овој случај дека зборот „Закон“ се однесува на Мојсеевиот закон. На други места каде што тој збор е напишан со мала почетна буква се гледа од контекстот дали се однесува на Мојсеевиот закон, на поединечна одредба од тој Закон, на Божјиот закон или на закон воопшто.

„Јасно сфативме“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.

Или: „Бог на незнабошците“.

Или: „незаслужена доброта“.

Буквално: „одиме во новотата на животот“.

Види го додатокот 11.

Буквално: „одиме“.

Види ја фуснотата за Мр 14:36.

Или: „светата служба“.

„[Не] знаат точно“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.

Види го додатокот 11.

Буквално: „населената земја“.

Односно маса за жртви. Или: „гозба“.

Или: „за незнабошците“.

Или: „незнабошците“.

Или: „да вршите света служба“.

Види ја фуснотата за Мт 12:32.

Буквално: „душа“.

Или: „На секоја власт што постои Бог ѝ дал делумна власт“.

Или: „јавни слуги (службеници); слуги што служат за општото добро“.

Буквално: „Да одиме“.

Буквално: „одиш“.

Или: „незнабошците“.

Или: „јавен слуга; слуга што служи за општото добро“.

Буквално: „служам“.

Види ја фуснотата за Де 16:9.

Види ја фуснотата за изразот „Ахаја“ во Де 18:12.

Или: „мојата служба што ја вршам за Ерусалим“.

Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.

Види го додатокот 11.

Буквално: „кои поради мојата душа го подметнаа својот врат“.

Види ја фуснотата за Де 2:9.

Буквално: „првината на Азија за Христос“.

Буквално: „туку на својот мев“.

Види ја фуснотата за Мт 17:21.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели