Што веруваат Јеховините сведоци?
Општинските водачи во првиот век во Рим му рекле на христијанскиот апостол Павле: ”Мислиме дека е прикладно да слушнеме од тебе што мислиш ти, бидејќи навистина што се однесува до оваа секта познато ни е дека насекаде се говори против неа“ (Дела на апостолите 28:22, NW). Овие лица сакале директно да се информираат а не само да ја слушаат критиката од страна.
И денес Јеховините сведоци често наидуваат на противења и би било погрешно да се очекува да се дознае вистината за нив од пристрасен извор. Затоа нѐ радува што можеме да ви ја понудиме брошурата од 32 страници Јеховините сведоци во дваесеттиот век, која ја опишува верата и активностите на Јеховините сведоци. Ако сакате натамошни информации за брошурата, само пополнете го купонот и испратете го на најблиската адреса. (Пописот се наоѓа на стр. 2.)