„Ми беше многу тешко да растам без него“
„ВИ ПИШУВАМ откако го прочитав нашето најново конгресно издание Кога ќе умре некој што го сакаш, за да ја изразам својата длабока и искрена благодарност за толку чувствително напишаната брошура која ја зајакнува верата.
Имам 18 години. Татко ми погина во сообраќајна несреќа кога имав осум години и, иако тоа беше пред десет години, сѐ уште во себе чувствувам огромна осаменост. Ми беше многу тешко да растам без него. Толку многу работи сакав да му кажам, да ги споделам со него или да дознаам за него. Неверојатно утешно е да бидеме потсетувани за Јеховината љубезна надеж за воскресение! Тоа ми ги насолзува очите. Уште еднаш ви благодарам што ми ја обновивте надежта“ (Еден млад Сведок од Австрија).
Мноштво вакви писма пристигаат во канцелариите на Друштвото Стражарска кула во Њујорк. Оваа брошура од 32 страници, сега издадена на 18 јазици, им дава утеха на милиони луѓе. Ако вие жалите по некоја драга личност која ви починала, чувствувајте се слободни да побарате примерок од оваа публикација, и пишете на адреса: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91000 Скопје, или на најблиската адреса на страница 5.