„Ви благодарам што ми помогнавте да научам за Јехова!“
Тоа била срдечна изјава на една 16-годишна девојка од Флорида (САД). Откако прочитала некои публикации издадени од Јеховините сведоци, таа напишала:
„Не можам да се сетам на насловот, но прочитав една книга за Исусовиот живот која мислам дека вие сте ја издале. Пред да ја прочитам таа книга, мислев дека знам сѐ што ми е потребно да знам. Верувам во Бог и во Исус, се молам пред вечера и повторно навечер, и водам прилично добар живот. Но, откако ја прочитав таа книга, сфатив дека јас всушност не знам толку многу и дека треба да продолжам да читам и да учам за Јехова Бог, за Исус и за другите во Библијата.
Полека менувам некои мои навики за да можам да бидам подобар Божји слуга. Да не беше Друштвото Стражарска кула, сѐ уште не ќе знаев за Бог и за приказните во Библијата. Ви благодарам што ми помогнавте да научам за Јехова!“
Најголемиот човек кој некогаш живеел е насловот на книгата за која зборувала девојката. Во неа е вложен напор да се презентира секој настан од Исусовиот земски живот кој е изложен во четирите Евангелија. Доколку би сакале да добиете примерок или бесплатно да ја проучувате Библијата дома, Ве молиме, пишете на адреса: Јеховини сведоци, п.ф. 800, 91000 Скопје, или на соодветната адреса од страница 5.