Да го задржиме нашиот посед — христијанскиот мир
САМИОТ звук на зборот „мир“ е навистина пријатен! Тој укажува на слобода од страв, на смиреност и на спокојство. Денес во светот има многу малку мир, но во согласност со Јеховиното ветување, неговиот народ има мир. „Народот Мој ќе живее во мирни живеалишта“, прорекол тој (Исаија 32:18).
Така и треба да биде. Мирот треба да ја исполнува секоја христијанска личност, секој христијански дом и секое христијанско собрание, бидејќи Јехова е „Бог на мирот“, а неговиот Син „Кнез на мирот“, нели? И зарем Христовите следбеници не се испратени како гласници на мир? (Филипјаните 4:9; Исаија 9:6; Ефесјаните 6:14, 15).
Овој мир што ние како христијански сведоци на Јехова треба да го задржиме како наш посед е единствен мир. Тоа е мир „што надвишува секој ум“. Тој не зависи од околината нити е мир по цена на компромис. Тој секогаш се темели на праведност и може да се стекне само ако се дојде во мир со Јехова Бог преку предание и крштавање, а потоа живеејќи во согласност со Божјите праведни начела за да се добие Божја наклоност (Филипјаните 4:7; Лука 2:14).
За да го задржиме нашиот посед — мирот, мораме да се чуваме од многуте нарушувачи на мирот, од кои најглавни се сите дела на телото (Галатјаните 5:19—21). Голем нарушувач на мирот е и материјализмот, затоа што едноставно не можеме истовремено да му служиме и на Бог и на богатството (Матеј 6:24; 1. Тимотеј 6:9, 10). Од друга страна, Божјата Реч нѐ уверува дека „голем е мирот кај оние, кои го сакаат Твојот закон“. Ако го сакаме Божјиот закон, тогаш редовно ќе ја читаме неговата Реч, како и литературата што се темели на неа (Псалм 118:165).
За да го задржиме нашиот посед — христијанскиот мир, особено ќе ни биде од помош ако ги развиваме преостанатите плодови на Божјиот дух. Секако дека љубовта ќе придонесе за мир бидејќи таа не ги бара своите сопствени интереси, туку сѐ поднесува и сѐ издржува. И зарем радоста, долготрпеливоста, љубезноста, добротата и благоста не придонесуваат за мирољубиви односи?
Колку е практична верата во задржувањето на нашиот мир! Таа ни помага да му угодуваме на Бог и да се ослонуваме на него да ни ги задоволи сите наши потреби додека и понатаму најпрво го бараме неговото царство и неговата праведност. Контролирањето на нашиот дух во време на напнатост, исто така, многу ќе придонесе да го задржиме нашиот христијански посед — мирот (Евреите 11:6; Матеј 6:33).
Да, во секое време да се стремиме да го задржиме нашиот посед — христијанскиот мир, така што ќе се чуваме од нарушувачите на мирот со тоа што ќе медитираме за Божјиот закон и ќе ги негуваме сите плодови на Божјиот свет дух! Програмата на овогодишниот Обласен конгрес ќе ни биде од голема помош да го задржиме мирот и да продолжиме како гласници на божествениот мир.