Кој штеди, тој има
ВО НАШЕВО современо потрошувачко општество, безбедното исфрлање на отпадот и на опасните отпадни материи станало кошмар. За разлика од тоа, Божјето творештво е чудо на економичност и рециклирање. За пример земи го саќето. Пчелиниот восок, градежниот материјал на саќето, претставува еден скап производ — на пчелата ѝ се потребни 16 грама мед и неодреден износ од полен за да направи само 1 грам пчелин восок. На кој начин пчелите го планираат трошењето на својот пчелин восок? „Восочните ѕидови на ќелиите на пчелиниот восок се составуваат по три, под агол од 120 степени, формирајќи правилен ред од шестоаголници“, објаснува книгата By Nature’s Design (Според дизајнот на природата). „Оваа шема им овозможува на пчелите да го сведат на минимум износот на восок што го користат додека обезбедуваат цврста структура во која го складираат медот.“ Така, една генијална структура ги комбинира убавината на обликот со економичноста на функцијата, а сето тоа може да се преработи!
Доколку уживате да читате статии за чудата на науката и природата и доколку сакате редовно да добивате Разбудете се!, стапете во контакт со Јеховините сведоци во Вашата околина или напишете на најблиската адреса наведена на страница 5.