„Потребни ми се охрабрување и надеж“
Дали некогаш се чувствувате така? Многу луѓе денес се чувствуваат токму така. Една жена од Форт Смит (Арканзас), напишала до светското седиште на Јеховините сведоци во Бруклин (Њујорк) и објаснила:
„Вашата книга Спознание кое води до вечен живот е многу информативна и подбудувачка. Ја прочитав од корица до корица само за неколку дена. Ми дава надеж дека наскоро овде ќе биде ветениот нов свет под владата на Исус Христос. Копнеам по тој ден.
До тоа време, се соочувам со преживување во овој свет додека чекам да се случи тоа. Многу се обесхрабрувам од овој обичен, досаден и монотон живот. Потребни ми се охрабрување и надеж. Наведовте дека преку вашата организација можеме да имаме бесплатна домашна библиска студија ако сме заинтересирани. Ќе можете ли да ми кажете што е потребно за да се добие? Мислам дека таа домашна библиска студија ќе ми помогне да се охрабрам“.
Ако сакате да добиете примерок од книгата Спознание кое води до вечен живот или би сакале некој да води со Вас домашна библиска студија, Ве молиме пишете до: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91 000 Скопје, или на соодветната адреса на страница 5.