„Никогаш немав интерес да читам Разбудете се!“
Ова се зборовите на една студентка на Државниот универзитет во Сан Хозе (Калифорнија) која е запишана на курс за студии на природната средина. Таа продолжува: „Имав впечаток дека списанието ми проповедаше — ‚Оди в црква‘ или ‚Стани Јеховин сведок‘. Сепак, кога го прочитав ова издание (8 април 1996, ‚Нашата загрозена планета — може ли да се спаси?‘), на мое изненадување, беше многу фактично! Статиите вклучуваат информативен дијаграм за ‚Некои од најглавните проблеми на околината во светот‘, кој ги скицира местата кои страдаат од ископачување, токсични отпадоци, атмосферско загадување, недостиг на вода, загрозени видови и распаѓање на земјиштето.
Сѐ уште немам деца, но сепак загрижена сум за тоа дали ќе имаат чист воздух за дишење, паркови во кои ќе си играат или вода за да преживеат . . . Ве пофалувам за овие статии“.
Сега Разбудете се! има тираж од 18,3 милиони примероци од секое издание на 80 јазици, од кои на 56 се издава симултано. Доколку сакате да го читате ова списание на редовна основа, Ве молиме стапете во контакт со Јеховините сведоци во Вашето место, телефонски или во локалната Сала на Царството или, пак, пишете на најблиската адреса наведена на страница 5.