„Донесете ми четириесет. Јас ќе ги дистрибуирам“
Како дел од нивното библиско образовно дело во јужна Германија, Волфганг и неговата сопруга Волтраут во неколку прилики му понудиле на еден човек примероци на Разбудете се! Тој секогаш ги одбивал, велејќи: „Веќе имам толку многу за читање“.
Меѓутоа, двојката почувствувала дека човекот можеби ќе ја прочита статијата „Отстранување на погрешните сфаќања за Јеховините сведоци“ во изданието на Разбудете се! од 8 април 1997. Статијата зборувала за еден говор одржан во еден Ротариски клуб во Калифорнија, во Соединетите Држави.
Кога Волфганг го отворил списанието кај таа статија и му ја покажал на човекот, тој почнал да ја чита. Потоа прашал дали може да ја зачува. „Вечерва ќе ја прочитам кога ќе имам малку мир и тишина“, рекол тој.
Волфганг и неговата сопруга го сретнале човекот три дена подоцна. Каква била неговата реакција? „Статијата беше многу интересна“, рекол тој.
Зошто бил толку импресиониран? Изгледа дека и тој имал некои погрешни сфаќања за Јеховините сведоци. Сега бил сигурен дека неговите пријатели во Ротарискиот клуб ќе уживаат да ја читаат статијата. „Можете ли да ми набавите уште примероци од статијата?“ прашал тој.
„Колку сакате?“ прашала Волтраут.
„Донесете ми четириесет. Јас ќе ги дистрибуирам.“
Ако сакате да имате примерок на Разбудете се! или би сакале бесплатна домашна библиска студија, Ве молиме пишете до: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91 000 Скопје, или до најблиската адреса наведена на страница 5.