11 април 1998 — ден за сеќавање
Вечерта пред да умре, Исус им подал бесквасен леб и чаша вино на своите апостоли и ги советувал да јадат и да пијат. Исто така, им рекол: „Правете го ова за Мој спомен!“ (Лука 22:19).
Годишницата на таа прослава оваа година паѓа во сабота, 11 април, после зајдисонце. Јеховините сведоци по светот таа специјална вечер ќе се соберат за да го прослават овој Меморијал на начинот кој го заповедал Исус. Вие сте многу срдечно поканети да ни се придружите како набљудувач. Ве молиме, проверете кај Јеховините сведоци во Вашата околина за точното време и место на состанокот.