ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/10 стр. 32
  • Зошто таа не верувала во Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто таа не верувала во Бог?
  • Разбудете се! 1998
Разбудете се! 1998
g98 8/10 стр. 32

Зошто таа не верувала во Бог?

ОЛЕСИЈА, една млада жена од Рустави (Грузија, поранешна република на Советскиот Сојуз), им покажала на двајца посетители една фотографија од нејзините родители и извикнала: „Да имаше Бог, тој не би допуштил моите родители да умрат толку млади!“ Откако нејзиниот сопруг Тамази се вратил дома, посетителите им ги оставиле брошурите „Гледај! Сѐ ново создавам!“ и Радувај се на животот засекогаш на Земјата!

Кога била направена повторна посета кај таа брачна двојка, Олесија ја прочитала брошурата „Гледај!“ и изразила желба да ја проучува Библијата. Ѝ се допаднало она што го прочитала. За време на дискусијата што следела, таа брзо ја отворила брошурата и ги прочитала оние делови што ги означила. Силните аргументи ѝ оставиле впечаток.

На пример, брошурата вели: „Прекрасните чуда кои нѐ опкружуваат — цвеќињата, птиците, животните, прекрасното суштество наречено човек, чудото на животот и раѓањето — сите тие сведочат за невидлив Врховен Ум кој ги создал (Римјаните 1:20, Ст). Каде постои интелигенција, таму постои ум. Каде постои ум, таму постои личност. Врховниот ум е ум на една Врховна личност, Творецот на сите живи суштества — големиот Извор на живот (Псалм 36:9, ДК). Единствено Творецот ја заслужува сета фалба и восхит (Псалм 104:24, ДК; Откровение 4:11)“.

Олесија подоцна се поверила дека Божјето ветување дека ќе ги воскресне нашите сакани кои умреле ја поттикнало да посака да ја проучува Библијата. Уверени сме дека и Вам ќе Ви користат информациите кои ја зајакнуваат верата, кои ги содржат овие брошури. Ако сакате примерок од „Гледај! Сѐ ново создавам!“ и Радувај се на животот засекогаш на Земјата! или ако сакате некој да Ве посети за да води бесплатна домашна библиска студија со Вас, Ве молиме пишете на адреса: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91 000 Скопје, или на соодветната адреса наведена на страница 5.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели