„Нешто посебно“
Откако ја прочитала книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел, книга која настојува да го изнесе секој настан од Исусовиот земен живот кој е изнесен во четирите Евангелија, една 70-годишна жена во Москва (Русија) воскликнала: „Никогаш не сум читала ваква литература. Сакам да научам нешто повеќе за Бог и Исус Христос, па дури сакам и да ја проучувам Библијата“.
Канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Русија честопати добива такви писма во врска со библиската литература. Слично писмо испратила една жена во Чељабинск, град со преку еден милион жители на околу 1.500 километри југоисточно од Москва.
За Најголемиот човек кој некогаш живеел таа рекла: „Книгата е нешто посебно. Во луѓето влева надеж за среќна иднина и им помага да ја запознаат древната историја. Пред да дојдам до оваа книга, никогаш не помислував на Бог и никогаш не бев заинтересирана за религија, но сега сакам да се крстам. Многу сакам да ја проучувам вашата литература. За она што го прочитав сакам да зборувам со моите пријатели, познаници и роднини“.
И Вие можете да добиете литература која ќе Ви помогне да научите нешто повеќе за Исус и за библиската надеж за живот во еден нов свет. Ако сакате да добиете примерок од книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел или би сакале некој да Ве посети за да води бесплатна домашна библиска студија со Вас, Ве молиме пишете на адреса: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91 000 Скопје, или на соодветната адреса наведена на страница 5.