„Првокласно списание“
Дали порано сте го читале списанието Разбудете се? Каква оценка би дале за примерокот што го држите в рака? Дали сметате дека статиите се информативни, добро истражени и пријатно илустрирани?
Еден писател и слободен уметник од Нигерија (Африка) напишал: „Јас сум редовен читател на Разбудете се! иако не сум Јеховин сведок. Разбудете се! е првокласно списание. За мене тоа е извор на креативни идеи. Неговите корици го пленуваат погледот и во непристрасниот читател создаваат силна желба да ги отвори неговите страници. Секое издание е доказ за одлична креативност; секоја страница е новинарска извонредност. Со навремени и добро обработени статии, секое издание е едно вкусно сервирање на скапоцени и бесценети информации“.
Ве охрабруваме да ги испитате статиите во овој примерок на Разбудете се! Доколку сакате уште еден примерок, Ве молиме побарајте преку писмо адресирано на: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91.000 Скопје, или на соодветната адреса наведена на страница 5. Ќе ни биде задоволство да Ви испратиме уште еден примерок или, доколку сакате, некој да дојде кај Вас и да го разгледа со Вас значењето на времињата во кои живееме.