Таа има сеопшта привлечност
„БРОШУРАТА што ја издавате Што бара Бог од нас? е многу убава. Имам само десет години, но ја разбирам и ми беше многу лесна за читање. Многу добро ја следев и кога дојдов до лекција 16, не сакав да ја прочитам затоа што брошурата многу ми се допадна. Сакав да има уште.“
Брошурата, чија насловна страница ја гледате прикажана овде, не е издадена само за деца. Сепак, материјалот е изнесен на еден толку јасен, едноставен начин што децата можат да ги разберат основните науки од Библијата и какво однесување бара Бог од нас. На пример, брошурата дава одговор на прашањата: Како треба да гледаме на лажењето? Дали е исправно да се коцкаме? Дали е погрешно пијанството? Дали е исправно оние кои не се венчани да имаат сексуални односи?
На Ваше писмено барање до Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91 000 Скопје или на соодветната адреса наведена на страница 5, ќе ни биде задоволство бесплатно да Ви ја испратиме оваа брошура од 32 страници Што бара Бог од нас? Нејзините 16 лекции се подготвени како курс за проучување на Библијата. Некои од насловите на лекциите се: „Која е Божјата намера со Земјата?“, „Што е Божјето Царство?“, „Семеен живот кој му е допадлив на Бог“ и „Навики кои ги мрази Бог“.
□ Испратете ми ја брошурата Што бара Бог од нас?
□ Ве молам, контактирајте со мене заради домашна библиска студија.