Справување со смртта на бебето
ЕДНА мајка од Британија напишала писмо за да го изрази своето ценење за брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш. „Брошурата без сомнение е храна во вистинско време за нашето семејство.“ Потоа објаснила:
„Потполно можевме да се идентификуваме со искуствата кои се раскажани во брошурата. Толку беше утешно сознанието дека и други се чувствувале и се чувствуваат како нас.
Особено го ценам оној дел во кој се признава дека пометнувањето е смртен случај и дека предизвикува болка. Многумина не ја сфаќаат оваа болка затоа што бебето, всушност, не живеело надвор од утробата и не станало личност.
Моите пометнувања не беа од оние во конвенционална смисла на зборот . . . Во двата случаи мораа да ми провоцираат трудови и да родам мртви бебиња. Ги повторувам зборовите на Вероника (на страница 10 од брошурата), која рекла: ‚Ужасно е за една мајка да роди мртвороденче‘“.
Можеби Вие или некој што го познавате ќе добие утеха од читањето на оваа ценета брошура од 32 страници. Можете да ја добиете брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш ако го пополните и го испратите придружниот купон на адресата што стои на купонот или на соодветната адреса наведена на страница 5 од ова списание.
□ Испратете ми примерок од брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш.
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.