„Колку убави информации!“
Како можат младите да најдат смисла во животот, да се сфатат себеси или да научат добро да се сложуваат со родителите? Неодамна, канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Шпанија доби едно писмо, кое делумно гласеше вака:
„Причината зошто пишувам е срдечно да ви честитам за добрата работа што ја правите со тоа што издавате прекрасни книги, како што е книгата со наслов Младите прашуваат — практични одговори. Колку убави информации! Им честитам на писателите и на издавачите, кои ги исполнија сништата на илјадници млади луѓе.
Имам 21 година и уште од порано се свртев кон Библијата и ја проучував . . . Сосема случајно, преку една пријателка, до мене дојде книгата Младите прашуваат — практични одговори.
На почетокот мислев дека нема да ми користи, но малку по малку, додека ја читав, ми се зголеми интересот. Ме натера да размислувам за многу работи, на пример, што треба да правам со мојот живот, и постепено одговори на моите прашања. Со тоа богатство во рацете, научив како да ги сфатам моите родители, како да простувам и како да бидам жена и да се однесувам како таква“.
Ако сакате да извлечете корист од информациите во книгата Младите прашуваат, можете да добиете примерок ако го пополните и го испратите придружниот купон на адресата што стои на купонот или на соодветната адреса наведена на страница 5 од ова списание.
□ Испратете ми ја книгата Младите прашуваат — практични одговори.
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.