Да им се помогне на луѓето да ги совладаат предизвиците
КАНЦЕЛАРИЈАТА на подружницата на Јеховините сведоци во Шри Ланка доби писмо од секретарот на Здружението за развој на младински и човечки ресурси. Секретарот побарал извесни постари изданија од Разбудете се! и ја дал следнава забелешка:
„Моите колеги и јас сметаме дека списанијата што ми ги испративте се многу едукативни, информативни, мотивирачки, логични и убедливи. Овие списанија не ја шират христијанската доктрина со задни мотиви, како што погрешно би рекле некои луѓе. Сметам дека тие се одлична литература.
Сѐ повеќе се бараат примероци од Разбудете се! (и новите и постарите броеви) и постојат показатели дека ваквата побарувачка ќе се зголемува со секој изминат месец. Статиите во Вашите списанија им даваат спознание на старите, на младите и на децата. Им помагаат на сите да ги надминат денешните и идните предизвици кои произлегуваат од секуларизмот“.
Никогаш порано во историјата луѓето од сите возрасти не се соочувале со предизвиците со кои се соочуваат денес. Многумина особено се прашуваат што им носи иднината и дали постои Бог кој се грижи за нив. Ваквите прашања се одговорени на задоволувачки начин во брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас? Можете да побарате примерок ако го пополните и испратите придружниот купон на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на страница 5 од ова списание.
□ Испратете ми примерок од брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас?
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.