ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/1 стр. 32
  • Среќен семеен живот е возможен!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Среќен семеен живот е возможен!
  • Разбудете се! 2003
Разбудете се! 2003
g03 8/1 стр. 32

Среќен семеен живот е возможен!

ЕДНА жена од градот Малаѓечна, во Белорусија, пишала до канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Русија. Објаснила дека има сопруг и две деца. Таа напишала: „Мојот сопруг и јас се сакаме. Меѓутоа, забележав дека, колку подолго живееме заедно, толку повеќе се лутиме и се расправаме, навидум без никаква причина. Пред неколку месеци, една непозната личност ме запре на улица и ми даде трактат со наслов Радувај се на семејниот живот. Во почетокот вниманието ми го плени убавата илустрација на едно среќно семејство. Подоцна го прочитав текстот и му го дадов и на мојот сопруг за да го прочита и тој.

Како да се случи некое чудо, нашиот семеен живот не само што се подобри туку, би рекла, се промени од корен. Сега сфаќаме дека не е толку тешко да се биде среќен. Сѐ што е потребно е малку искрена, срдечна топлина и давање. Неопходно е да се живее според Божјите заповеди, да се љуби Бог и да се љубат луѓето, вклучувајќи го семејството и непознатите“.

Таа заклучила: „Животот стана полесен и посреќен. Сакаме да продолжиме да ја проучуваме Библијата и да ги поучуваме нашите деца“.

Веруваме дека и Вие можете да извлечете корист од трактатот Радувај се на семејниот живот. Со задоволство ќе ја вклучиме и книгата од 192 страници со наслов Тајната на семејната среќа. За да добиете примерок и од трактатот и од книгата, Ве молиме пополнете го придружниот купон и испратете го на адресата што е приложена на купонот или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.

□ Доставете ми примерок од трактатот Радувај се на семејниот живот и примерок од книгата Тајната на семејната среќа.

□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели