„Дали луѓето ќе ја уништат Земјата?“
● Гледана од вселената, Земјата изгледа како прекрасен сино-бел скапоцен камен. Но, ако се погледне одблизу, ќе се види дека нашата планета е во неволја. Зошто? Одговорот е едноставен: Луѓето се лоши потстанари. Освен тоа, тие ја уништуваат Земјата не само дословно — со загадување, уништување на шумите и со исцрпување на природните богатства — туку и морално и духовно — со насилство, крвопролевање и сексуален неморал.
Ваквата жалосна состојба била претскажана пред околу 2.000 години во некои неверојатни пророштва запишани во Библијата (2. Тимотеј 3:1-5; Откровение 11:18). Библијата прорекла и дека Бог — а не некој човек — целосно ќе ја поправи ситуацијата. Овие важни теми ќе бидат обработени во библиското предавање „Дали луѓето ќе ја уништат Земјата?“ Тоа ќе биде изнесено во склоп на Обласните конгреси на Јеховините сведоци со тема „Нека дојде Царството Божје“, кои од мај ќе почнат да се одржуваат низ целиот свет.
Срдечно си поканет да дојдеш. За да дознаеш која е најблиската локација, стапи во контакт со Јеховините сведоци во твоето место или пиши до издавачите на ова списание. На веб-страницата www.pr418.com се наведени локациите на конгресите во Македонија, Србија, Косово и Албанија.